Александар Хаџи Јорданов

Д-р Александар Хаџи Јорданов ( 1922 во Ваташа2001 во Кавадарци) — македонски медицински работник.[1]

Животопис

уреди

Основно образование завршил во Ваташа, а гимназија во Велико Градиште и Крагуевац. По завршување на Втората светска војна се запишал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што и дипломирал во 1952 година. Како лекар по општа пракса работел во Неготино и Демир Капија, а од 1955 до 1959 година специјализирал гинекологија во Скопје. Кога се вратил работел како лекар специјалист гинеколог во Кавадарци, се до неговото пензионирање во 1987 година.[1]

Награди и признанија

уреди
 
Орден заслуга за народ со сребрена ѕвезда.

За време на неговиот работен век имал добиено голем број награди и признанија, како од организацијата во која работел, така и од градот Кавадарци. Најзначајни се: „Наградата Орден заслуги за народ со сребрен венец” и највисокото општинско признание наградата 7 Септември. Починал во Кавадарци во 2001 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 436. ISBN 978-608-4621-04-1.