Александар Кошка
Александар Кошка (влашки: Alexandru Coshca; 1873, Гопеш, Битолско - 22 мај 1907, помеѓу Сливница и Курбиново, Ресенско) — македонски револуционер и романски офицер[1], учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација
Александар Кошка | ||
Роден | 1873 Гопеш, Битолско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 22 мај 1907 помеѓу Сливница и Курбиново, Ресенско, Македонија |
Животопис
уредиКошка е роден во битолското село Гопеш во 1873 година. Во Битола завршил романска гимназија, а потоа студирал медицина во Букурешт. Тој бил ден од најактивните влашки членови на ВМОРО. Во 1902 година се вратил во Македонија и се вклучил во редовите на ВМОРО. Во 1903 година бил во четата на Парашкев Цветков. Учествувал во Илинденското востание како војвода во Пелистер. По востанието ги организирал влашки села во Битолско и Пинд. Загинал со уште четворица свои четници во 1907 година [2][3]. Васил Балевски за него рекол:
„ | Власите беа во нашата организација, комитетите им беа согласни централно. Војвода им беше Александар Кошка, одличен човек[4] | “ |
-
Втората влашка чета на Мучитанов. Одлево надесно. Легнати: војвода Георги Мучитанов од Крушево, војвода Александар Кошка од Гопеш. Клекнати: Лецу Нане од Крушево, во костим Таки Леаб, Таки Динча од Крушево. Исправени: Георги Гаки Доди од Гопеш, Коле Поп Стефанов од Маловиште, Милан Сливица од Маловиште, Ванчо Дамаш од Гопеш
-
Четите на Александар Кошка (легнатиот десно) и Штерјо Апостолина
-
Војводата Кошка, загинат во судирите со аскерите, снимен од браќата Манаки
Наводи
уреди- ↑ Македонски преглед, XXVI, 2003, бр.2, стр. 50
- ↑ Кратка биографија на Александар Кошка
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 85.
- ↑ „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр. 59