Штерјо Апостолина

Штерјо Милиор Апостолина (влашки: Steriu Milior Apostolina) — македонски револуционер со влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Штерјо Апостолина
Роден Периволи, Гребенско, Егејска Македонија

Животопис

уреди
 
Апостолина со своето семејството, Периволи, 1912 г.
 
Четите на Александар Кошка и Штерјо Апостолина

Апостолина е роден во гребенското село Периволи. Тој го организирал влашкиот комитет за вооружена борба во Македонија заедно со Александар Кошка во градот Букурешт.[1] Во април 1907 година влегува во Македонија по каналите на ВМОРО со комитите Наки Апостолина (негов син), Мика Фуска и Стерјо Ниби од Периволи и Симо Кража од Самарина. Според Василе Диаманди - Аминчјанул кон нив се придружуваат и други Власи од Пинд, тоа се капетан Михали Тегујани, Леон Константинеску, Нули Шаманику, Георге Шаманику и Апостолаке од Периволи, Нику Баламоти од Војуша, како и Кота, Георге Буташи, Василе Буташи, Зику Цаца, Георге Цаца, Скупреи и други од Фрашер. Четата е активна во Костурско, Гребенско и Пинд, каде се бори против чети на грчката вооружена пропаганда во Македонија.[2]

Наводи

уреди
  1. Minov, Nikola. The Aromanians and IMRO, в: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр.192.
  2. Minov, Nikola. The Aromanians and IMRO, в: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр.194-195.