Министерство за информатичко општество и администрација на Македонија
Министерството за информатичко општество и администрација или скратено МИОА, е едно од министерствата во Владата на Македонија.
Министерство за информатичко општестви и администрација | |
---|---|
Податоци за органот | |
Надлежност | Влада на Македонија |
Седиште | Скопје, ![]() |
Вработени | 193[1] (2017) |
Годишен буџет | 1,472 милијарди MKD[2] (2018) |
Надлежен министер | Адмирим Алити |
Мрежно место | |
mio.gov.mk |
НадлежностиУреди
Надлежностите на министерството се[3]:
- -развојот и промоцијата на информатичкото општество;
- -создавањето и водењето на регистар на информациските и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
- -интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
- -следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
- -телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
- -радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
- -законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
- -надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
- -развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
- -класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
- -водењето Регистар за државните и јавните службеници;
- -подготвувањето стратешки документи за ефикасното и делотворното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
- -развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
- -реформата во јавната администрација;
- -остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
- -врши и други работи утврдени со закон.
НаводиУреди
- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2017 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-18. Посетено на 2019-06-09.
- ↑ „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2019-10-19. Посетено на 2018-11-22.
- ↑ „Општи информации за министерството“. Архивирано од изворникот на 2018-05-02. Посетено на 2021-08-13.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
- Официјално мрежно место Архивирано на 14 јуни 2012 г.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |