Александар Даштевски

Александар Даштевски (роден на 16 декември 1962 година) — универзитетски професор, правник и политолог.

Александар Даштевски
Лични податоци
Роден(а) 16 декември 1962(1962-12-16)(61 г.)
Белград, Социјалистичка Федеративна Република Југославија денес Република Србија
Националност Македонец
Установа Правен Факултет ''Јустинијан Први'' BA.

Универзитет Евро-Балкан PhD.

Професија професор, правник, политолог

Основно образование завршил во ОУ “Крсте Мисирков” во Куманово. Средно образование завршил во гимназија ”Гоце Делчев” во Куманово. Дипломирал во декември 1988 година на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот Св."Кирил и Методиј" во Скопје, на правосудната насока и се стекнал со степенот и стручен назив Дипломиран правник. Во 1992 година положил правосуден испит.

Во мај 2010 година завршил постдипломски студии на УАКС во Скопје на англиски јазик, од областа на Меѓународни односи и дипломатија. По одбраната на постдипломскиот труд „Разлики и сличности помеѓу Меѓународното хуманитарно право и правото на човекови права‘‘ со просечна оценка 9.4 се стекнал со звање Магистер на науки. Докторирал на 13.10.2013 година на Универзитетот “Евро-Балкан”, Институт за општествени и хуманитарни истражувања во Скопје, со одбрана на докторската дисертација на тема: ,,Универзализмот на човековите права версус културниот релативизам во земјите на ЈугоисточнаЕвропа‘‘, со што се стекнал со звањето доктор на политички науки (PhD).

Професионална и интелектуална дејност

уреди

Неговата кариера започнува како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија. Во ноември 1998 година, тој работи во Владата на Република Македонија како републички советник, извршувајќи ги функциите координатор на Одделението за кадровски работи, соработник во Одделението за организирање на седници на Влада и шеф на кабинет на потпретседателот на Владата.

Од 2000 до 2003 година, работи како помошник директор во Царинската управа. Како претставник на управата, станува член на Европската комисија во Стразбур-Лион во групата за борба против транзит на дрога. Во истиот период, тој ја претставува македонската царинска управа во Брисел, но исто така, тој е учесник и во преговорите во Вашингтон за продолжување на договорот за трговија со текстил помеѓу Македонија и САД.

Во 2012 година, станува член на Државна изборна комисија на Република Македонија. Учествува во спроведувањето на парламентарните избори 2006 година, дел од локалните 2007 година и парламентарните избори 2008 година. Неговата функција завршува во јануари 2016 година.[1]

Септември 2016 година, Даштевски е избран за директор на Универзитетот Евро Балкан-Скопје каде ги раководи меѓународните и домашните проекти. Во февруари 2016 година, професор Даштевски е избран за продекан на Факултетот за претприемачки бизнис при УТМС Скопје.[2] Денес, тој го организира наставниот процес на факултетот и е предметен професор по: Општествена одговорност, Деловно планирање и етика, Политички маркетинг и Корпорациска општествена одговорност. Истата година, тој е именуван за претседател на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација од страна на Собранието на Република Македонија.

 
Учество на годишна конференција на ЕКВИНЕТ
 
Интервју за Радио Слободна Европа

Секоја година учествува на различни научни собири, конференции, семинари и советувања од областа на политичките и правните науки во земјата и странство.

Членува во телото на Европската Унија, “European Commission against Racism and Intolerance (ECRI)“ во кластерите за еднакви постапки, како и во кластерите за правна еднаквост и слобода на движење.

На 12 јануари 2021 година, тој едногласно беше избран за претседател на Државната изборна комисија од страна на пратениците во Собранието.

Селектирани публикации

уреди
  • Александар Даштевски, Потекло и развој на човековите права, Published at Macedonian Political Science Forum, e- proceeding of papers, Number 6, 18.01.2016, EBSCO Publishing.[3]
  • Aleksandar Dashtevski, Jana Ilieva, “International Framework for Dealing with Hate Speech“, Journal of International Relations, Faculty of international relations, University of Economics in Bratislava, 2017 Volume XV., Issue 4, Pages 358 – 370. ISSN 1336-1562 (print), ISSN 1339-2751 (online)EBSCO.[4]
  • Jana Ilieva, Aleksandar Dashtevski, Natasha Ristovska “EU Enlargement and financial crisis” International Journal of Academic, USA Research in Business and Social Sciences, Vol. 7, No. 1 (pp. 153–163), January 2017 (EBSCO).[5]
  • Aleksandar Dashtevski “The UN Charter as a Basis for Development of Human Rights “University Aleksandar Dubcek, Trencin, Slovakia,[6]
  • Aleksandar Dashtevski, Different Approaches to Respecting Human Rights, Conference POLITICAL SCIENCE FORUM VOL.7 No.1. Alexander Dupcek, University of Trencin, Slovakia 2018.[7]
  • Aleksandar Dashtevski, Gorjan Grncharovski,” Tackling Multiculturalism or Strengthening Subcultures-The Macedonian Case”. 16-th International Conference on Social Sciences, European Journal of Multidisciplinary Studies, November 2018, Paris, Index Copernicus, DOI (Thomson Reuters).[8]
  • Dashtevski A, Dukovski J, and Grncharovski G. 2019. Facilitative Leadership in Security Services — Factor for more Efficient Management in Crisis.UTMS Journal of Economics 10 (2): 275–285.[9]

Наводи

уреди
  1. „Предвремени парламентарни избори“. Архивирано од изворникот на 2019-06-01. Посетено на 2019-06-01.
  2. На UTMS.edu.mk
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-06-01. Посетено на 2019-06-01.
  4. [1]
  5. [2]
  6. 2017
  7. [3]
  8. Dashtevski, Aleksandar; Grncharovski, Gorjan (2018). „Tackling Multiculturalism or Strengthening Subcultures: the Macedonian Case“. European Journal of Multidisciplinary Studies Articles. 3.
  9. [4]