Никола Андреев (костурски војвода)

(Пренасочено од Алај беј)

Никола Симеонов Андреев, познат како Алај беј и Кољо Мокренски (1879-1911) — македонски револуционер, костурски војвода, член на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.[1]

Никола Симеонов Андреев
Роден 1879
Починал 11 август 1911

Животопис

уреди
 
Здружените костурски чети на војводите Васил Чекаларов, Иван Попов, Пандо Кљашев, Никола Симеонов Андреев и Манол Розов по преземањето на Клисура.

Никола Симеонов Андреев е роден во 1879 година, во селото Мокрени, Костурско. По завршувањето на 6-ти клас во Битола, школувањето го продолжил во Военото училиште во Софија,[2][3] но не го завршил.[4] Завршил гимназија во Варна, Бугарија, и стапил во бугарската воена служба.[се бара извор] По професија бил учител и новинар.[се бара извор] Во 1902 година бил назначен за војвода на чета во Костурско.

Активно се вклучил во македонското ослободително движење во Костурско и Леринско. За време на Илинденското востание учествувал во заземањето на Невеска и Клисура, заедно со здружените костурски востанички чети.[2][3] По востанието заминал во Бугарија, но во 1904 година, повторно се вратил во Костурско и дејствувал како војвода на чета до 1907 година.

За време на Младотурската револуција во 1908 година, се повлекол и работел како учител во родното село, но во 1910 година, повторно ја продолжил борбата против турската власт во Македонија.

Убиен е на 11 август 1911 година, од страна на врховистите,[2][3] а според бугарските извори тој бил убиен од свој соселанец, Турчето.[5]

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11
  2. 2,0 2,1 2,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 23. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 60. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  4. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 31. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 9.