Акти на исклучување на анархисти
Актите на исклучување на анархисти се два акти донесени од Конгресот на САД со цел да се спречат имигрантите со анархистички идеи да влезат во земјата.
Актот од 1901
уредиПрвиот Акт на исклучување на анархисти (официјално донесен под името Акт за регулирање на странци имигранти во САД)[1],беше донесен на 57 Конгрес на САД, на последниот ден од сесијата, 3 март, 1903 (и повтроно донесен на 29 јуни, 1906)[2], набрзо по убиството на американскиот претседател Вилијам Меккинли од страна на Леон Цолгоз, кој, парадоксално, не беше имигрант, туку син на полски имигранти, роден во САД. Тогашниот претседател Теодор Рузвелт побара легислатива од Конгресот, која беше првата легислатива во САД по Странските и седициски акти од 1798 што овозможуваа да се испрашуваат оние кои се обиделе да влезат во земјата, за нивните политички ставови.[3] Актот особено го спречува секој:
кој не верува или кој се спротивставува на сета организирана власт, или кој е член на или поврзан со било која организација која ги третира учењата на такви неверувања или спротивставувања на сета организирана власт.
Веднаш по говор одржан од страна на шкотскиот анархист Џон Тарнер на Мјуреј Хил Ликеум, авторитетите за имигрантските прашања го уапсија Тарнер и пронајдоа копија од Слободно општество од Јохан Мост, како и распоред на држање говори на Тарнер, меѓу кои се наоѓаше и чествување на Хајмаркетските маченици. Тоа беше доволен доказ за да го депортираат. Веднаш потоа, Ема Голдман организираше Лига на слободен говор како одговор на депортацијата. Таа ги регрутираше Кларенс Дароу и Едгар Ли Мастерс да го бранат Тарнер.[5] Откако Голдман организираше средба со Синдикатот на бакар (анг, „Cooper Union“) за тие што се спротивствуваа на депортацијата, во Њујорк Тајмс се пишуваше за поддршка на актот и на депортацијата на Тарнер.Тие реферираа кон луѓето кои присуствуваа на состанокот како „неписмени и полулуди сонувачи“ и изјавија дека тоа за земјата е „право - со верувањето во Конгресот и на мнозинството, најверојатно на повеќето Американци, дека е наша должност - да го исклучиме.“[4]
Дароу и Мастерс ја изнесоа нивната одбрана на Тарнер пред Врховниот суд на САД. Тие сметаа дека законот не бил уставен и дека Тарнер бил само „филозофски анархист“, оттаму не бил закана за власта. Судот донесе одлука против Тарнер, а судијата Мелвил Фулер ја напиша судската одлука. Фулер образложил дека уставот не важи за странци и дека конгресот го има правото да забрани влез на било кој за кој тие сметале дека претставува закана за земјата. Тарнер беше првиот кој го депортираа под овој акт.[5]
Следната година, од 7944 луѓе на кои им беше забрането влез во САД, на еден од нив му беше забрането бидејќи е анархист.[6]
Актот од 1918
уредиВториот акт (познат под името Имиграциски акт) беше донесен на 16 октомври, 1918.[7] Во него пишува:
дека странците кои се анархисти; странци кои веруваат или пропагираат отфрлање на власта на САД и на сите форми на закони, по пат насила или насилство; странци кои пропагираат или образоваат за атентати над лица кои работат во јавна власт; странци кои пропагираат или подучуваат незаконско уништување на сопственост; странци кои се членови на или поврзани со било која организација која ги застапува неверувањата или спротивставувањата на сета организирана власт или ја пропагира должноста, потребата или исправноста на напаѓање на било кој офицер или офицери, или одредени поединци, или воопшто на офицери, на владата на САД или на било која друга организирана власт, поради неговиот или нивниот карактер, или што пропагираат и подучуваат на уништување на соптвеност, ќе бидат исклучени од прием во САД.
Во 1919, Њујорк Тајмс изјави дека во фискалната 1918 година, две лица беа „исклучени од САД“... и дека „триесет и седум беа депортирани поради илегален престој во земјата“.[8]
Помеѓу поозлогласените анархисти депортирани под овој акт беше и Лујџи Галеани и неколку негови следбеници; Галеанистите бае одговорни за смртоносните бомбардирања што достигнаа кулминација во 1919 и 1920.[9] Ема Голдман и Александар Беркман беа исто така депортирани под овој акт.
Откако повеќе од 4000 наводно комунисти беа уапсени и подготвени за депортација под актот, Бирото на трудот одби да ги депортира овие луѓе; Секретарот на трудот Вилијам Б. Вилсон беше закануван си импичмент поради тоа одбивање.[10] Вкупно 556 лица евентуално беа депортирани под Актот од 1918 за исклучување на анархисти. Актот беше повлечен во 1952.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Van Dyne, Frederick (1904). Citizenship of the United States. Wm. S. Hein Publishing. стр. 93. ISBN 0837712297.
- ↑ Greeley, Horace (1909). The Tribune Almanac and Political Register. The Tribune Association. стр. 131.
- ↑ Vowell, Sarah (1999). Assassination Vacation. Simon and Schuster. стр. 220. ISBN 074326004X.
- ↑ 4,0 4,1 „In Defense of Anarchy“ (newspaper). New York Times (англиски). New York, New York: The New York Times. 5 декември 1903. стр. 8. Посетено на 2007-07-12.
- ↑ 5,0 5,1 Chalberg, John (1991). Emma Goldman: American Individualist. Harper Collins. стр. 85-86. ISBN 0673521028.
- ↑ Farnsworth Hall, Prescott (1906). Immigration and its effects upon the United States. American Public Problems. H. Holt. стр. 240.
- ↑ Remsen Crawford (10 јули 1921). „New Immigrant Net: How Other Causes Have Anticipated Effect of the Dillingham Act“ (newspaper). New York Times (англиски). New York, New York: The New York Times. Посетено на 2007-07-12.
- ↑ „Alien Anarchists“ (newspaper). New York Times (англиски). New York, New York: The New York Times. 15 декември 1919. стр. 14. Посетено на 2007-07-12.
- ↑ Avrich, Paul, The Anarchist Background, Princeton University Press (1996)
- ↑ „U.S. Department of Labor - History - Departmental Timeline“. Архивирано од изворникот на 2012-07-09. Посетено на 2009-09-08.