Акатенанго (вулкан)

Акатенангостратовулкан кој се наоѓа во Гватемала, во близина на градот Антигва. Вулканот има два врвови, Пико (највисокиот врв) и Јепокапа (3.880 метри) кој е познат и како Трес Хернамас (Три сестри). До Акатенанго се наоѓа вулканот Фуего и колективно, вулканскиот комплекс е познат како Ла Хоркета.

Акатенанго
Вулканот Фуего (лево) и Акатенанго (десно)
Највисока точка
Надм. вис.3,976 м
Истакнатост1,835 м [1]
Координати14°30′03″N 90°52′33″W / 14.50083° СГШ; 90.87583° ЗГД / 14.50083; -90.87583
Географија
Акатенанго на карта

Карта

Матичен венецСиера Мадре
Геологија
Старост на карпата200 Kyr
Видстратовулкан
Вулкански лакВулкански појас во Средна Америка
Последен избувноември - декември 1972

Опис

уреди

Двата вулкани сочинуваат спарен вулкан, што е честа појава во северниот дел на Средна Америка[2]. Кога избувнала лава, биле забележани разлики кај композицијата, и кај составот на лавата. Повеќето лава која избувнала од вулканот Акатенанго биле андезити, додека кај Фуего кој неодамна избувнал лавата по состав била базалтна. Вулканот Акатенанго има многу пониско ниво на активност. Тренд линијата (С) која се провлекува помеѓу Акатенанго и Фуего, исто така, ги опфаќа позициите на двата помали отвори Јепокапа и Месета. Месета претставува постар, делумно еродиран, пропаднат отвор кој се наоѓа на север од вулканот Фуего. Во состав е високо андезитичен.[3] Акатенанго е андезитски стратовулкан кој имал ерупции во историјата и е многу постар од самиот Фуего.

Ерупции

уреди

Единствените познати историски ерупции на вулканот Акатенанго се случиле во XX век, помеѓу 1924 и 1927 година од северот на врвот Пико и повторно во декември 1972 година од седлото помеѓу Јепокапа и Пико. Овие ерупции создадле вулкански бомби кои паднале во близина на кратерите и пепел што паднал на 25 километри оддалеченост.

Наводи

уреди
  1. „Volcán Acatenango, Guatemala“. Peakbagger.com. (англиски)
  2. Заеднички одлики на спарени вулкани во северниот дел на Средна Америка. (Халсо и Роуз)
  3. Геохемија и еволуција на вулканскиот комплекс Фуего, Гватемала. (Чеснер и Роуз)

Надворешни врски

уреди