Автопатишта во Словенија
Автопатишта во Словенија — централните државни патишта во Република Словенија, поделени на автопати (словенечки: avtocesta, AC) и експресни патишта (hitra cesta, HC). Автопатите се составени од двојни коловози со ограничување на брзината од 130 км/ч, знаците се со зелена позадина, како во Италија, Хрватска и другите земји во близина, а хоризонталната сигнализација е со бели линии. Експресните патишта се споредни патишта, исто така двојни коловози, обично без помошна лента. Тие имаат ограничување на брзината од 110 км/ч и имаат сообраќајни знаци сина позадина.
Со автопатиштата и придружните објекти во Словенија управува државната компанија за автопати во Република Словенија (Družba za avtoceste v Republiki Sloveniji, acronym DARS) основана во 1994 година. Од јануари 2011 година, ДАРС управува и одржува 544,3 километри автопати, 73,3 километри експресни патишта, 161 километри пристапни патишта и 27 километри места за одмор. Од 1 јуни 2008 година, корисниците на автопатиштата во Словенија се обврзани да купат вињета: достапни се 7-дневни, 1-месечни и годишни пропусници.
Автопатишта
уредиБр. | Од | До | км | Европски пат |
---|---|---|---|---|
Шентиљ | Копер | 245.3
|
||
Тунел Караванкс | Обрежје | 174.5
|
||
Дивача | Сежана | 11.3
|
||
Хоче-Сливница | Подлехник | 33.7
|
||
Песница | Лендава | 79.6
|
Експресни патишта
уредиБр. | Од | До | км |
---|---|---|---|
Задоброва | Косезе | 10.2 | |
Раздрто | Вртојба | 42.1 | |
Сподње Шкофије | Копер | 7.8 | |
Копер | Изола | 5.2 | |
Долга Вас (делница) | Долга Вас (граничен премин) | 3.5 |