Општина Шемпетер-Вртојба
Општина Шемпетер-Вртојба (словенечки: Občina Šempeter - Vrtojba; италијански: Comune di San Pietro-Vertoiba) — општина во западна Словенија, сместена крај границата со Италија. Седиште на општината е населбата Шемпетер кај Горица. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Денес е дел од Горичкиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 6.292 жители.
Општина Шемпетер-Вртојба Občina Šempeter - Vrtojba | ||
---|---|---|
општина | ||
Шемпетер кај Горица со италијанскиот град Горица во позадината | ||
Местоположба на Општина Шемпетер-Вртојба во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Област | Приморска | |
Стат. регион | Горички | |
Седиште | Шемпетер кај Горица | |
Управа | ||
• Градоначалник | Милан Турк | |
Површина | ||
• Вкупна | 15,0 км2 (60 ми2) | |
Население (2021)[1] | ||
• Вкупно | 6.292 | |
• Густина | 42/км2 (110/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | sempeter-vrtojba.si |
Населени места
уредиПокрај општинското седиште Шемпетер кај Горица, општината ги опфаќа и следните населени места:
Историја
уредиПорано обете населени места биле предградија на градот Горица. Во 1947 г. влегле во состав на Југославија, а Горица останала во Италија. Оттогаш местата одделно се развиваат. Денес општината образува една непрекината урбана целина со соседните градови Нова Горица (во Словенија) и Горица (во Италија).[2] Од мај 2011 г. овие три општини се здружени во прекугранична метрополитенска област, управувана од заеднички орган.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Šempeter-Vrtojba municipal site
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-10. Посетено на 2021-09-06.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Шемпетер-Вртојба на Geopedia Архивирано на 20 јуни 2012 г.