Австриски фолклор

Австрискиот фолклор припаѓа на алпската традиција со оглед на тоа дека три четвртини од Австрија е планинска. Алпите, поделени во три планински венци, се наоѓаат главно во западниот и централниот дел на Австрија.

Австрија е важна раскрсница меѓу различни делови на Европа. Во минатото тука живееле Келтите кои се населиле во Австрија во средината на првиот милениум пред нашата ера. Тие областа ја нарекувале Остерих - империјата на исток. По Келтите, на територијата дошле Римјаните, германските и словенските племиња. Околу 1000 година, династијата Бабенко помогнала да се воспостави христијанството низ целата област. Во 1278 година, најпознатиот период на историјата во Австрија започнал кога Хабсбуршката монархија дошла на власт. Со својот главен град во Виена, Хабсбуршката империја владеела со голем дел од Европа повеќе од шестстотини години[1]. Австрискиот фолклор е прикажан во виенскиот музеј за народна уметност (Волкскунд).[1]

Алпска традиција

уреди

Централните и источните Алпи на Европа се богати со фолклорни традиции кои датираат од претхристијанско време, со конкретни елементи од германската, галската (гало-римска), словенската и ретската култура. Древните обичаи преживеале во руралните делови на Австрија. Тие се слични со обичаите кои постојат и во другите алпски региони во Швајцарија, Баварија, Словенија и североисточна Италија. Традициите се форма на танци, ракотворби, процесии, обреди и игри. Освен сличности во алпската фолклорна традиција многу форми на фолклорот се разликуваат од еден во друг регион поради меѓусебната изолација на алпските заедници. На Алпите, вклучително и Австрија, односот меѓу римокатоличката црква и паганството е амбивалентен. Додека некои обичаи преживеале само во далечните долини недостапни за црковното влијание, други обичаи активно биле напуштени во текот на вековите.

 
Крампус, илустрација од 1900

Зимски традиции

уреди

Крампус

уреди

Зборот Крампус од старогерманскиот збор за канџа (герм. Krampen). Во Алпскиот Регион Крампус е митско суштество со рогови претставен како придружник на Свети Никола. Крампус дејствува како анти-Свети Никола кој, наместо да им дава подароци на добрите деца, ги кара и ги казнува лошите деца.[2] Традиционално, младите се облекуваат како Крампус во првите две недели на декември, особено вечерта на 5 декември и талкаат по улиците и ги плашат жените и децата со рѓосани синџири и ѕвонци. Овој лик се верува дека потекнува од приказните за куѓни духови како коболди или елфи.

 
Првата страница од Песната за Нибелунзите (околу 1230)

Приказни, митови и легенди

уреди

Големиот германски еп - Песна за Нибелунзите (оригинал: Das Niebelungenlied), бил напишан во Австрија околу 1250 п.н.е. Тоа е комбинација на митски божества воини и божици од тевтонски (древни северно европски) времиња со вистински приказни од средниот век. Епот е напишан на средногорногермански јазик и раскажува за германскиот јунак Зигфрид на дворот на Бургундите, за неговото убиство и одмаздата на неговата жена Кримхилда. Поголемиот дел хроничари сметаат дека ракописот е напишан во Австрија а дека се темели на древните германски саги за Нибелунзите. Поради големото значење на ракописот за историјата, истиот во 2009 е запишан во списокот на непроценливо духовно богатство на човештвото.[3]

 
Експонат на носија во фолклорниот музеј во Виена

Народна носија

уреди

Традиционалните носии најчесто се зачувани за време на празници и фестивали. Жените носат извезени блузи, престилки од чипка и широки здолништа. Мажите носат кратки кожни панталони (германски: lederhosen ) со широки прерамки, куси елеци и впечатливи зелени капи украсени со пердуви. Традиционалната носија која се носи во повеќето пригоди е стајрерангуз (германски: Stierer Anzug): сиви или кафеави панталони (панталони кои се закопчуваат веднаш под коленото), везени во зелена боја, со светли елеци, долги палта со украсни копчиња.

Традиционални прослави и обичаи

уреди

Во Австрија традиционално во месец ноември се празнува Св. Леонард, светец-заштитник на добитокот.

Во многу села сè уште го горат „демонот“ на зимата за време на Великиот пост. Во Предарлска, фигура на вештерка наполнета со експлозив се разнесува на врвот на водокула. Се верува дека времето ќе дојде од насоката на каде што летнала главата на вештерката.

Карневалот Шеменлауфен

уреди

Во Тирол, во градот Имст, карневалот Шеменлауфен (германски: Schemenlaufen) или, поворка на духовите, се прославува на секои четири години со парада во која мажите носат маски. Имстерскиот фестивал трае од рано изутрина до вечер и се празнува ден пред големите велигденси пости. Учесници на карневалот се само мажи кои, според обичајот, ги отелотворуваат и машките и женските особини. Жените се задолжени за изработка на костимите.Локалните ковачи ги изработуваат ѕвонците а традиционалното резбарење на маските се пренесува во рамки на семејството од колено на колено.[1] Овој обичај во неколку наврати бил забрануван од страна на католичката црква но традицијата сепак опстанала до денес.[4] Во 2012, Имстерскиот Шеменлауфен од страна на УНЕСКО е прогласен за трајна вредност на човечкото духовното наследство.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Austrians - Introduction, Location, Language, Folklore, Religion, Major holidays, Rites of passage“. www.everyculture.com. Посетено на 2017-11-09.
  2. Billock, Jennifer. "The Origin of Krampus, Europe's Evil Twist on Santa"
  3. „Song of the Nibelungs, a heroic poem from mediaeval Europe“. UNESCO Memory of the World Programme. 2009-07-31. Посетено на 2009-12-15.
  4. Margrit, Thüler; A., Stephan Beat; Migros-Genossenschafts-Bund. (1997). Feste im Alpenraum : Schweiz, Österreich, Deutschland, Italien, Frankreich (2. изд.). Zürich: Migros-Presse. ISBN 3952121002. OCLC 610774064.

Надворешни врски

уреди

Австриски сказни и легенди