Август Фердинанд Мебиус

(Пренасочено од Август Фердинанд Мобиус)

Август Фердинанд Мебиус (германски: August Ferdinand Möbius; 17 ноември 179026 септември 1868) — германски математичар и астрономски теоретичар.

Август Мебиус
August Ferdinand Möbius
Август Фердинанд Мебиус
Роден(а)17 ноември 1790(1790-11-17)
Шулпфорта, Саксонија-Анхалт, Германија
Починал(а)26 септември 1868(1868-09-26) (возр. 77)
Лајпциг
ЖивеалиштеГерманија
НационалностГерманец
Полињаматематика
УстановиЛајпцишки универзитет
ОбразованиеЛајпцишки универзитет
Гетингенски универзитет
Универзитет во Хале
Докторски менторЈохан Пфаф
Други менториКарл Фридрих Гаус
Карл Молвајде
ДокторандиОто Вилхелм Фидлер
Други значајни студентиХерман Ханкел
Познат поМебиусова лента
Мебиусови трансформации
Мебиусова функција
Мебиусова инверзија
Мебиус–Канторов график

Најпознат е по октривањето на Мебиусовата лента - неориентабилна дводимензионална површина која има само една страна кога е вметната во тридимензионален Евклидов простор. Оваа лента независно ја открил и Јохан Бенедикт Листинг, и тоа во истиот период. Го открил и Мебиусовиот распоред (конфигурација), составен од два заемно впишани тетраедри. Мебиус бил првиот математичар што вовел хомогени координати во проективната геометрија.

Заслужен е за многу математички идеи, вклучувајќи ги Мебиусовите трансформации кои играат важна улога во проективната геометрија, и Мебиусовата трансформација на теоријата на броевите. Работејќи со теоријата на броевите, ги осмислил важните математички идеи Мебиусова функција μ(n) и Мебиусовата инверзија. Во областа на Евклидовата геометрија, Мебиус систематски изработил начин на означување на аглите и отсечките како метод на упростување на резултатите и нивно сведување на еден облик.[1]

Мебиус е роден во Шулпфорта кај Наумбург Саксонија-Анхалт. По мајчина линија е потомок на прочуениот црковен реформатор Мартин Лутер.[2] Математиката ја изучувал кај истакнатиот математичар Карл Фридрих Гаус и Јохан Пфаф. Починал во Лајпциг во 1868, на возраст од 77 години.

Собрани дела

уреди

Занимливости

уреди

Во негова чест е именуван кратерот Мебиус на Месечината и астероидот28516 Мебиус“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Howard Eves, A Survey of Geometry (1963), стр. 64 (прераб. издание 1972, Allyn & Bacon, ISBN 0-205-03226-5)
  2. Szpiro, George (2007). Poincaré's Prize: The Hundred-Year Quest to Solve One of Math's Greatest Puzzles. Plume. стр. 66. ISBN 978-0-525-95024-0.

Надворешни врски

уреди