Август Раш
Август Раш (англиски: August Rush) — филм од 2007 година режиран од Кирстен Шеридан, по сценарио на Пол Кастро, Ник Кесл и Џејмс В. Харт, и продуциран од Ричард Бартон Луис.
„Август Раш“ | |
---|---|
Режисер | Кирстен Шеридан |
Продуцент | Ричард Бартон Луис |
Главни улоги | Фреди Хајмор Кери Расел Џонатан Рис Маерс Теренс Хауард Робин Вилијамс |
Музика | Марк Манчина |
Кинематографија | Џон Метисон |
Монтажа | Вилијам Стинкамп |
Студио | Southpaw Entertainment CJ Entertainment |
Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
Премиера | ноември 21 2007 |
Времетраење | 113 min. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $25 милиони |
Бруто заработка | $65.3 милиони |
Заплет
уредиДејсвото се случува во 1996 година. Лајла Новачек (Кери Расел) е виолончелистка во оркестар која живее под строгите правила на нејзиниот татко. Луис Конели (Џонатан Рис Маерс) е водечки вокал на „The Connelly Brothers“. Лајла и Луис се среќаваат случајно за време на една забава и водат љубов, додека еден човек свири на хармоника подолу на улицата. Лајла се враќа кај нејзиниот разлутен татко назад во Чикаго, притоа дознавајќи дека е бремена од Луис. По една расправија со нејзиниот татко, таа истрчува надвор на улицата и ја удира автомобил. Таа се пораѓа предвреме, а нејзиниот татко брзо го дава нејзиниот син на посвојување. Луис продолжува да ја чека Лајла во Њујорк и на крајот се откажува. Единаесет години подоцна, Еван (Фреди Хајмор) живее во сиропиталиште надвор од градот. Еван ја има способноста да слуша музика каде и да е. Тој се среќава со социјалниот работник Ричард Џефрис (Теренс Хауард) кој му ја дава на Еван неговата визит-карта, потоа Еван оди во Њујорк за да го пронајде неговото семејство.
Луис живее во Сан Франциско и оттогаш ја напушта својата музичка група. Тој се среќава со еден од поранешните членови на неговата група и е поканет на неговиот роденден. Луис се колеба дали да оди, бидејќи не разговара со неговиот брат Маршал (Алекс О'Лофлин) од распадот на групата. На крајот ќе одлучи да оди. Сепак на забавата неговиот брат пушта клипови од настапите на групата, Луис се соочува со неговиот брат, што резултира со мала тепачка и неговата девојка (која не била свесена дека тој бил музичар) му раскинува и си заминува. Лајла живее во Чикаго и исто така се има откажано од музиката. Нејзината другарка ја охрабрува повторно да се приклучи кон Симфонијата, но Лајла одбива. Таа е повикана кај нејзиниот татко кој е на смртна постела и тогаш тој признава дека го дал детето на посвојување и дека тоа се наоѓа некаде во Њујорк. Во меѓувреме Еван е земен под закрила на Волшебникот (Робин Вилијамс) музичар – бездомник кој верува во неговата уметност. Еван се обидува да свири на гитара, и станува толку добар што Волшебникот ќе му го даде неговото старо место во Централ Парк и неговата гитара, која тој претходно му ја дал на Артур (Леон Томас III). Стариот театар во којшто живеат е опколен од страна на полицијата. Волшебникот им го одвлекува вниманието на полицајците и му овозможува на Еван (кој сега го нарекуваат Август Раш) да избега. Тој се засолнува во една црква каде што љубезниот пастор (Мукелти Вилијамсон) ја забележува неговата дарба и го запишува Август во школата Џулијард. Лајла исто така е во Њујорк, решена да настапува со Симфонијата како и да го бара нејзиниот изгубен син. Ричард исто така го бара Еван, и и помага да го идентификува нејзиното дете со летоци за негово пронаоѓање.
Луис, разгледувајќи некои старите предмети, решава повторно да се поврзе со Лајла и лета до Чикаго за да ја најде. Тој чека неколку часа и кога ќе праша еден од станарите каде што живеела Лајла за нејзиниот стан, жената ја заменува Лајла со нејзината пријателка и му вели дека таа е на меден месец во Њујорк. И покрај тоа, Луис се решава да оди во Њујорк и да настапи со неговиот стар бенд.
Август се докажува во Џулијард и дури му е доделен и негов настап со истата Симфонија во која настапува и Лајла. Но, Волшебникот прекинува една од пробите и го извлекува Август надвор од училиштето, за повторно да го врати на улиците да свири за него. Август, исто така, се среќава со Луис кој оди замислен низ паркот и тие свират заедно. Август му ја кажува неговата дилема, а Луис му вели да го направи она што тој сака да го прави.
Доаѓа и денот кога настапуваат Симфонијата и Луис. На Август сè уште не му е дозволено да присуствува на настанот. И покрај тоа Август одлучува да го напушти Волшебникот и да оди, со помош од Артур кој исто така се бунтува против Волшебникот. Август побегнува низ метрото и се упатува кон Симфонијата.
Луис е на пат кон аеродромот, кога на плакат од Симфонијата ќе го забележи името на Лајла. Тој излегува од неговото возило и започнува да трча кон паркот. Август исто така пристигнува на време за да ја изведе неговата рапсодија, како и Ричард (кој открива дека Еван и Август се една иста личност). Лајла започнува да се оддалечува од паркот, но е привлечена назад од настанот. Луис пристигнува во паркот, ја забележува Лајла меѓу толпата луѓе и повторно ја наоѓа. Август ја завршува неговата рапсодија и погледнува надолу насмевнувајќи им се на Лајла и Луис, и сфаќа дека тие се неговите родители. Волшебникот последен пат е виден како свири на хармоника во метрото. Филмот завршува кога Август вели: "Музиката е насекаде околу нас, сè што треба да направите е да ја слушнете."
Улоги
уреди- Фреди Хајмор како Еван Тејлор / Август Раш
- Кери Расел како Lyla Novacek
- Џонатан Рис Маерс како Луј Конели
- Робин Вилијамс како Максвел "Волшебникот" Валас
- Теренс Хауард како Советникот Ричард Џеферс
- Вилијам Седлер како Томас Новачек
- Џемија Симон Неш како Хоуп
- Микелти Вилијамсон како Високопреосветениот Џејмс
- Каки Кинг, како рацете на Еван Тејлор, за сите гитарски снимки.
- Леон Г. Томас III, како Артур
- Алекс О’Лофлин како Маршал
- Бони МекКи како Лизи
Музика
уредиНапишана од Ван Морисон, изведена од страна на Џонатан Рис Маерс
- „This Time“
Напишана од Крис Трапер, изведена од страна на Џонатан Рис Маерс
- „Bari Improv“
Напишана од Марко Манцина и Каки Кинг, во изведба на Каки Кинг
- „Ritual Dance“
Напишана од Мајкл Хеџис, во изведба на Каки Кинг
- „Raise It Up“
Напишана од Импакт Репертори Театар , изведена од Симон Јамиа Неш и Импакт Репертоари Театар Номинирана за Оскар за најдобра оригинална песна
- „Dueling Guitars“
Напишана од Хеитор Переира, изведена од страна Хеитор Переира и Даг Смит
- „Someday“
Напишана и изведена од Џон Леџенд
- „August's Rhapsody“
Музичката точка на Лајла и Луис започнува кога Лајла го свири Adagio-Moderato за виолончело во Е-мол од Едвард Елгар.
Освен за „Двобојот на гитари“, сите делови за гитара на Август се отсвирени од страна на американскиот гитарист-композитор Каки Кинг, „позајмувајќи“ ги за потребите на филмот своите раце.
Композиторот Марк Манцина поминал повеќе од година и пол компонирајќи ја музиката за Август Раш. „Срцето на приказната е како реагираме и како се поврзуваме преку музиката. Се работи за младо момче кое верува дека ќе ги најде неговите родители преку неговата музика. Тоа е она што го води“[1]. Последната тема на филмот е составена прва. „На тој начин би можел да земам делови и парчиња од крајот и да ги поврзам работите кои се случуваат во (Августовиот) живот. Сите теми се парчиња од сложувалката, затоа на крајот означуваат нешто, бидејќи потсвесно сте ги слушале во текот на филмот“[2]. Музиката се снимала во Todd-AO Scoring Stage и Eastwood Scoring Stage во Warner Brothers[3].
Прифаќање
уредиРецензијата од страна на USA Today, Клаудија Пуиг коментирала дека: „Август Раш нема да биде за секого, но функционира ако и се предадете на неговата мелодична и непоправливо чувствителна приказна за музика која буди спомени и визуелна поезија“[4]. „Hollywood Reporter“ го оценува филмот позитивно, пишува дека „приказната е за музичари и за тоа како музиката ги поврзува луѓето, и музиката на филмот и песните, создадени од композиторите Марко Манчина и Ханс Цимер, создадоа поетска фантазија сè до неуверлива приказна“"[5].
Вкупниот преглед од Rotten Tomatoes покажува дека 37% од критичарите на филмот му дале позитивни критики, врз основа на 110 прегледи.[6][7]: Иако се појавува на избор за талентирани глумци, Август Раш не може да ги надмине слабата режија и лигаво сценарио“[6]. Во Metacritic, филмот има просечен резултат од 38 од вкупно 100, врз основа на 27 критики[7]. Пем Грејди на Сан Франциско Хроникл филмот го нарекол „бесмислена музичка мелодрама“. Грејди изјавил дека „целата приказна е смешна“ и „и случајностите се натрупуваат, однесувањата и мотивациите и пркосат на логиката, и ликовите се толку неубедливи што поголем дел од улогите се изгубени“. Таа додала: „крајот на филмот, воопшто не ме импресионираше. Тие работеле толку напорно на останатиот дел што но дојде до ненадеен крај кој го остави филмот незавршен“ Едвард Даглас на comingsoon.net рекол дека „не трае долго додека филмот да се открие како исклучително смислен и предвидлив филм кој многу безмислосно се обидува да повлече за срцата“[8]. Роџер Еберт на филмот му даде три ѕвезди, нарекувајќи го „филм облиен во сентименталност, како што би требало да е. Филмот исто така има неочекуван крај кој го остава незавршен“[9].
Џамилија Гевин го споредува филмот со Оливер Твист на Дикенс и Корам Бој[10]. Шон Џонсон ја искористил рапсодијата на Август е за време на настапот на Флор Ексерсајз за време на Летните олимписки игри 2008 година. Во 2007 година Carleton College's Semaphore Reparatory Dance Company за нивниот танчерски настап употребува една од првите гитарски песни презентирани за време на филмот.
Награди
уредиНа саундтракот има песни од нови и познати чинови. Филмот бил номиниран за Оскар за Најдобра оригинална песна („Raise it Up“).
Наводи
уреди- ↑ Crisafulli, Chuck & Graff, Gary. „And The Best Original Song Oscar Nominees Are...“. Billboard. Посетено на 2010-09-30.
- ↑ Crisafulli, Chuck. „After a year and a half, the 'August' pieces fit“. Billboard. Посетено на April 25, 2012.
- ↑ Dan Goldwasser. „Scoring Session Photo Gallery from August Rush“. ScoringSessions.com. Архивирано од изворникот на 24 February 2008. Посетено на 2008-02-29.
- ↑ Puig, Claudia (2007-11-23). „Lilting 'August Rush' is poetry in emotion“. USA Today. Посетено на 2008-02-29.
- ↑ Honeycutt, Kirk (November 8, 2007). „August Rush“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 2008-05-06. Посетено на 2008-02-29.
- ↑ 6,0 6,1 „August Rush — Rotten Tomatoes“. Rotten Tomatoes. Архивирано од изворникот на 24 November 2007. Посетено на 2007-11-27.
- ↑ 7,0 7,1 „August Rush (2007): Reviews“. Metacritic. Архивирано од изворникот на 25 November 2007. Посетено на 2007-11-27.
- ↑ „August Rush - Review Comments“. Rotten Tomatoes. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2012-08-13.
- ↑ Roger Ebert (2007-11-21). „August Rush“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 24 November 2007. Посетено на 2007-11-26.
- ↑ Pam Grady (2007-11-21). „Review: Orphan has a song in his heart in 'August Rush'“. San Francisco Chronicle. Архивирано од изворникот на 24 November 2007. Посетено на 2007-11-27.
Надворешни врски
уреди- August Rush на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- August Rush на Rotten Tomatoes.
- August Rush на Metacritic
- August Rush на Box Office Mojo
- August Rush at Allmovie
- Scoring Session Photo Gallery at ScoringSessions.com