Џули и Џулија
Џули и Џулија (англиски: Julie & Julia) е американски драма комедија – филм од 2009 год. Филмот е напишан и режиран од Нора Ефрон. Филмот е заснован на вистинските факти од животот на готвачката Џулија Чајлд во почетните години од нејзината кулинарска кариера, и животот на Џули Пол, која си дава до знаење дека мора да ги подготви сите 524 рецепти од кулинарската книга на Чајлд за време од една година.
„Џули и Џулија (Julie & Julia)“ | |
---|---|
Официјален постер | |
Режисер | Нора Ефрон |
Продуцент | Нора Ефрон |
Сценарист | Сценарио: Нора Ефрон Книга: Џули Пол |
Главни улоги | Мерил Стрип Ејми Адамс Стенли Тучи |
Жанр | драма комедија |
Музика | Александре Десплат |
Дистрибутер | Columbia Pictures |
Премиера | 30 јули 2009 7 август 2009 |
Времетраење | 123 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $40,000,000 |
Бруто заработка | $117,913,384[1] |
Сценариото на Ефрон е адаптација на две книги: Мојот живот во Франција, автобиографијата на Џулија Чајлд, и мемоарите од Џули Пол. Во август 2002, Пол започнува да ги пишува на интернет нејзините дневни случувања околу готвењето на 524те рецепти од Џулија. Интересно е тоа што ова е прв филм заснован врз основа на еден блог т.е блогот кој го водела самата Џули Пол.[2]
Ефрон започна да го снима филмот во март 2008. Мерил Стрип се појавува во улогата на Џулија Чајлд, додека пак младата глумица Ејми Адамс во улогата на Џули Пол. Филмот својата премиера ја доживеа на 30 јули 2009 година.
Кратка содржина
уредиЏулија е жената која засекогаш им го промени начинот на кои Американците готват. Но, во 1948. Џулија Чајлд (Мерил Стрип) беше само една обична Американка која живеела во Франција. Работата на нејзиниот маж и двајцата ги одведе во Париз, а таа заради својот неуморен и нескротлив дух, посака нешто да работи. Педесет години подоцна, Џули Пол (Ејми Адамс) чувствува дека пропаѓа. Ѝ се ближи триесеттиот роденден, живее во Квинс и работи бесперспективна работа додека сите нејзини пријателки постигнуваат забележителни успеси во животот. Џули смислува наизглед непресметлив план да ја пренасочи својата енергија; таа одлучува да помине точно една година подготвувајќи ги сите 524 рецепти од готвачот на Џулија Чајлд „Совладување на уметноста на француската кујна“ - и секако покрај тоа таа ќе води интернет дневник (блог) за своите искуства.
Улоги
уреди- Мерил Стрип - Џулија Чајлд
- Ејми Адамс - Џули Пол
- Стенли Тучи - Пол Чајлд
- Крис Месина - Ерик Пол
- Линда Емонд - Симон Бек
- Џејн Линч - Дороти МекВилијамс
- Мери Лин Рајскуб - Сара
Награди и номинации
уредиЗлатен Глобус 2010
уреди- Најдобар филм (комедија/мјузикл) номинација
- Најдобра глумица во комедија/мјузикл (Мерил Стрип) НАГРАДА
Белешки
уреди- ↑ http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=julieandjulia.htm
- ↑ „Philadelphia Weekly“. Архивирано од изворникот на 2012-05-29. Посетено на 2009-11-17.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 7 септември 2009 г.
- Семрежна филмска база на податоци
- Бокс Офис Мојо