Џеси Вер

англиска пејачка и текстописец

Џесика Лоис Вер (англ. Jessica Lois Ware; родена на 15 октомври 1984) ― англиска пејачка и текстописец. За нејзината музика Вер добила многу признанија, вклучувајќи: седум номинации за Британски музички награди, меѓу кои една номинација за најдобар нов изведувач и четири номинации за најдобра британска соло-пејачка и две номинации за наградата Mercury.

Џеси Вер
Џеси Вер на настап во 2017
Животописни податоци
Родено имеЏесика Лоис Вер
Роден(а)15 октомври 1984(1984-10-15)(40 г.)
Лондон, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
  • подкастер
Период на активност2009–денес
Издавачи
Мреж. местоjessieware.com

Живот и кариера

уреди

Џеси Вер е родена на 15 октомври 1984 година во Лондон.[1] Нејзините родители се развеле кога имала 10 години. Таа е помлада сестра на англиската глумица Хана Вер.[2][3][4] Нејзината мајка била Еврејка и Џеси била воспитана во таа вера.[5] Дипломирала англиска литература на Универзитетот во Сасекс.[6]

2009–2011: Почетоци на музичката кариерата

уреди

По завршувањето на студиите, Вер кратко време работела како новинарка во The Jewish Chronicle и The Daily Mirror, а исто така работела и зад сцената во ТВ-компанијата Love Productions. Таму била колешка на Ерика Леонард, позната под псевдонимот Е.Л. Џејмс, писателката на Педесет нијанси сиво.[7]

Музичката кариера Вер ја започнала како придружен вокал на концерти во живо. Преку член на групите кои ги придружувала, Вер се запознала со музичарот SBTRKT со кого соработувала на песната "Nervous" (2010). Вер придонела и за Ceremonials, албум од 2011 година од Florence and the Machine каде што пејачка била нејзината добра пријателка Флоренс Велч.

2011–2018: Први студиски албуми и соработки

уреди
 
Вер настапува на фестивалот Евросоник 2012 година

На 20 август 2012 година, Вер го издала нејзиниот прв албум Devotion, кој се искачил на петто место на Британската топ-листа за албуми. Истата година албумот бил номиниран за престижната награда „Меркјури“.

Вториот албум на Вер, Tough Love, бил издаден на 6 октомври 2014 година.[8] Албумот се искачил на деветто место на Британската топ-листа за албуми, станувајќи нејзин втор албум во првите десет на топ-листата. „Tough Love“ бил прв сингл од албумот и бил објавен на 3 август 2014 година. Ед Ширан бил коавтор на песната „Say You Love Me“.[9][10]

Вер придонела со песна за третиот студиски албум од Ники Минаж, The Pinkprint (2014), под наслов „The Crying Game“. [11] На почетокот, Вер била наведена само како текстописец, но во ажурираните верзии од албумот била наведена и како композитор. Таа, исто така, била котекстописец на песната „New Man“ за третиот албум од Ед Ширан, ÷, и на албумот била пратечки вокал и на две други песни.

 
Вер настапува во Џез Кафе во февруари 2018 година

Во октомври 2017 година, по двегодишна пауза, Вер се вратила на сцената и го објавувила нејзиниот трет студиски албум, Glasshouse.[12] Албумот стигнал до седмо место на топ-листата за албуми во Велика Британија.

2019–денес: Објавување на албумите What's Your Pleasure? и That! Feels Good!

уреди

Нејзиниот четврти албум, What's Your Pleasure?, бил издаден во јуни 2020 година.[13] Првиот сингл од албумот, „Adore You“, бил објавен во февруари 2019 година.[14][15][16] Албумот бил пофален од критиката. Во април 2021 година, Вер најавила проширено издание од албумот под наслов What's Your Pleasure? Platinum Pleasure Edition. Реизданието било објавено во јуни 2021 година и содржело седум дополнителни песни, вклучувајќи ги сингловите „Overtime“, „Please“ и „Hot N Heavy“ и ремикс од „Adore You“, за вкупно осум дополнителни песни.[17]

Подоцна во 2021 година, Вер соработувала со Кајли Миног на реиздавањето на петнаесеттиот студиски албум од Миног, Disco: Guest List Edition. Нивната песна „Kiss of Life“ била објавена на 29 октомври 2021 година.

„Free Yourself“, водечки сингл од петтиот студиски албум на Вер, That! Feels Good!, бил објавен на 19 јули 2022 година.[18] Следниот сингл, „Pearls“, бил објавен на 9 февруари 2023 година.[19] Во април 2023 година, Вер го издала нејзиниот петти студиски албум That! Feels Good! преку EMI Records. Албумот бил копродуциран од Стјуарт Прајс и добил позитивни критики.

Други проекти

уреди

Кон крајот на 2017 година, Вер започнала подкаст нааречен Table Manners на кој покривала теми за „семејството, храната и уметноста на стариот добар разговор“. Секоја недела имала нов гостин.[20] Првата епизода била поставена на 8 ноември 2017 година, а гостин бил британскиот кантавтор и нејзин пријател Сем Смит. Во емисијата, покрај другите гостувале и: Ед Ширан, Ренди Џексон, Нигела Лосон, Санди Токсвиг, Даниел Калуја, Палома Фејт, Џорџ Езра, Ени Мек, Пол Макартни и Кајли Миног. [20]

На 23 јануари 2019 година, Вер на нејзиниот Инстаграм објавила дека остварила соработка со дизајнерот Џорџ Редингс за линија на облека за деца наречена „Anyware Kids“ која од пролетта 2019 година ќе се продава на интернет и во избрани продавници на мало.[21]

Во мај 2023 година, било објавено дека Вер ќе биде еден од судиите за претстојниот натпревар за таленти на ITV Mamma Mia! I Have a Dream. На натпреварот треба да се изберат двајца глумци за театарски мјузикл кои ќе ги играат улогите на Софи и Скај во „Mamma Mia!“ во Вест Енд во Лондон по повод 25-годишнината од своето постоење.[22]

Личен живот

уреди

Во август 2014 година, Вер се омажила за нејзиниот другар од детството, Сем Бароус.[23] Имаат три деца.[24] [25] [26]

Вер е Еврејка.[27] Во 2021 година навела дека планира да има Бат мицва како возрасна.[28]

Дискографија

уреди
  • Devotion (2012)
  • Tough Love (2014)
  • Glasshouse (2017)
  • What's Your Pleasure? (2020)
  • That! Feels Good! (2023)

Наводи

уреди
  1. „Jessie Ware“. BBC. Посетено на 20 September 2019.
  2. Births, Marriages & Deaths Index of England & Wales, 1916–2005.; at ancestry.com
  3. „Jessie Ware interview“. Time Out. Архивирано од изворникот на 19 December 2012. Посетено на 16 January 2013.
  4. „Jessie Ware reveals her secret ambition“. The Jewish Chronicle. 23 August 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-02. Посетено на 16 January 2013.
  5. Abbott, Jeremy (23 March 2012). „Hey sister, go sister, soul sister, flow sister“. Ponystep. Архивирано од изворникот на 29 January 2013.
  6. One to watch: Jessie Ware Publisher: The Guardian newspaper. Published: 26 February 2012. Retrieved: 27 April 2013.
  7. Greig, Rob (2012). „Jessie Ware interview: Brixton girl, Jessie Ware, takes Kim Taylor Bennett on a tour of her hood“. Time Out London. Архивирано од изворникот на 13 February 2020. Посетено на 30 May 2018.
  8. „Jessie Ware | Pitchfork“. pitchfork.com. 16 June 2014. Посетено на 2016-08-10.
  9. „Ed Sheeran working with Jessie Ware on her new album“. digitalspy.co.uk/. 26 May 2014. Посетено на 26 May 2014.
  10. „Jessie Ware - Say You Love Me (Official audio)“. YouTube. 12 August 2014. Посетено на 18 October 2014.
  11. Lockett, Dee (12 December 2014). „Update: Nicki Minaj's The Pinkprint Leaked: Here's a Track-by-Track Breakdown“. Slate. Посетено на 17 December 2014.
  12. „Wakacyjne koncerty Jessie Ware w Gdańsku i Warszawie“. SOMusic (полски). 2017-09-10. Архивирано од изворникот на 14 September 2017. Посетено на 2017-09-14.
  13. „Jessie Ware shares groove-driven new track 'Ooh La La'. Nme.com. 24 April 2020. Посетено на 2020-06-26.
  14. Bloom, Madison (14 February 2019). „Listen to Jessie Ware's New Song "Adore You". Pitchfork. Посетено на 20 February 2019.
  15. Darville, Jordan (13 February 2019). „Jessie Ware returns with the luxurious "Adore You". The Fader. Посетено на 20 February 2019.
  16. Daramola, Israel (13 February 2019). „Jessie Ware – "Adore You". Spin. Посетено на 20 February 2019.
  17. Празен навод (help)
  18. Reilly, Nick (2022-07-12). „Jessie Ware announces new single 'Free Yourself'. Rolling Stone UK (англиски). Посетено на 2022-07-12.
  19. „Alô, DJ! Jessie Ware divulga nova prévia do single "Pearls"; já viu a capa?“. PAPELPOP (португалски). 2023-02-07. Посетено на 2023-02-07.
  20. 20,0 20,1 „Table Manners with Jessie Ware on acast“. acast.com (англиски). Посетено на 2018-08-28.
  21. „In conversation with Jessie Ware & George Reddings - Anyware Kids“. pirouetteblog.com. 14 May 2019. Посетено на 10 June 2019.
  22. „Jessie Ware named as judge for new ITV talent show Mamma Mia! I Have A Dream“. retropopmagazine.com. 2 May 2023. Архивирано од изворникот на 19 August 2013. Посетено на 8 May 2023.
  23. Lipworth, Elaine (22 January 2018). 'I need to own my success' Jessie Ware on fame, family and her most personal album to date“. YOU Magazine. Посетено на 26 September 2018.
  24. „Jessie Ware announces the arrival of her third child“. 2021-07-17. Наводот journal бара |journal= (help)
  25. „Jessie Ware: I didn't get maternity leave after birth of my daughter“. Belfast Telegraph. Посетено на 30 April 2018.
  26. „Jessie Ware welcomes her first child“. Hello!. 8 September 2016. Посетено на 30 April 2018.
  27. „Jessie Ware“. Jewish Lives Project (англиски). Архивирано од изворникот на 19 May 2021. Посетено на 2021-05-19.
  28. Barber, Sonya (2021-11-21). „Jessie Ware on her Jewish upbringing, doing a batmitzvah now and her new memoir!“. Jewish News (англиски). Посетено на 2022-04-28.

Надворешни врски

уреди