Палома Фејт
Палома Фејт Бломфилд (англ. Paloma Faith Blomfield; родена на 21 јули 1981) ― англиска пејачка и глумица. Фејт е позната по нејзиниот ретро и ексцентричен стил. Нејзината музика е спој на соул со елементи на џез и госпел-музика; поради ова, таа е често споредувана со Ејми Вајнхаус, Адел и Дафи.[1][2][3]
Палома Фејт | |
---|---|
Палома Фејт во јуни 2024 година | |
Роден(а) | Палома Фејт Бломфилд 21 јули 1981 Лондон, Англија |
Занимање |
|
Сопружник | Ријан Хејнс (в. 2005; раз. 2009) |
Партнер | Лејман Лахсин (2012–2022) |
Деца | 2 Музичка кариера |
Жанрови | |
Инструменти | Vocals |
Период на активност | 2007–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | palomafaith |
Во 2008 година потпишала договор со Epic Records и следната година го објавила нејзиниот прв студиски албум. Фејт ја освоила наградата за „Најдобра британска соло пејачка“ на Британските музички награди во 2015 година.[4]
Како глумица, Фејт глумела во: Девојките од Сент Тринијан (St. Trinian's (2007)), The Imaginarium of Doctor Parnassus (2009), Dread (2009), Младост (2015) и Pennyworth (2019–2022). Таа, исто така, била ментор во телевизиските талент-емисии „Британски Глас“ (2016) и „Глас за деца“ (2020).
Живот и кариера
уредиПалома Фејт Бломфилд е родена на 21 јули 1981 година во населбата Хакни во Лондон.[5][6] Нејзината мајка е Англичанка, а татко ѝ Шпанец. Нејзините родители се разделиле кога таа имала две години и се развеле две години подоцна. Како дете земала часови по балет во Далстон.[7] Студирала современ танц во Лидс.[8] Потоа запишала магистерски студии по театарска режија на колеџот „Сентрал Сент Мартинс“ во Лондон и во меѓувреме за да ги плати студиите работела најразлични работи: продавач во продавницата за долна облека Agent Provocateur, пејачка во кабаре, шанкерка, позирала како модел за сликање, помошник стилист и помошник на магионичар.[9]
Во 2008 година потпишала договор со Epic Records и во 2009 година го издала нејзиниот прв студиски албум, Do You Want the Truth or Something Beautiful?. Албумот бил сертифициран за двојно платинест во Обединетото Кралство и од него биле објавени сингловите: „Stone Cold Sober“, „New York“ и „Upside Down“. Нејзиниот втор студиски албум, Fall to Grace (2012), се искачил на второто место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство. Од албумот биле објавени сингловите: „Picking Up the Pieces“ кој станал нејзин прв сингл кој се пласирал во топ-10 и преработката на песната „Never Tear Us Apart“ од INXS. За албумот била номинирана за награда во две категории на Британските музички награди.
Нејзиниот трет студиски албум, A Perfect Contradiction (2014), е нејзин најуспешен албум досега. Од албумот произлегле успешните синглови: „Can't Rely on You“ и „Only Love Can Hurt Like This“. Фејт соработувала со групата Sigma кои го објавиле синглот „Changing“ (2014), кој се искачил на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија. На нејзиниот четврти студиски албум, The Architect (2017), му претходел водечкиот сингл „Crybaby“ и албумот дебитирал на првото место во Обединетото Кралство, со што станал прв албум на Фејт кој стигнал до првата позиција. Во 2018 година, таа соработувала со диџеј Сигала на синглот „Lullaby“. Нејзините следни два студиски албуми, Infinite Things (2020) и The Glorification of Sadness (2024) успеале да се пласираат во топ-5 на Британската топ-листа за албуми.
Дискографија
уреди- Do You Want the Truth or Something Beautiful? (2009)
- Fall to Grace (2012)
- A Perfect Contradiction (2014)
- The Architect (2017)
- Infinite Things (2020)
- The Glorification of Sadness (2024)
Наводи
уреди- ↑ „Paloma Faith New Single“. wearehunted.com. Архивирано од изворникот на 2 September 2011. Посетено на 1 January 2010.
- ↑ „Paloma Faith Artists Details“. Архивирано од изворникот на 27 September 2015. Посетено на 1 January 2010.
- ↑ Robinson, Lisa (March 2013). "Hot Tracks: Paloma Faith". Vanity Fair. (Archived from the original on the Wayback Machine on 27 February 2015)
- ↑ „Paloma Faith wins British Female Solo Artist at The BRIT Awards 2015“. BRIT Awards. Архивирано од изворникот на 2022-05-27. Посетено на 2024-07-10.
- ↑ Marshall, Tom (19 October 2010). „My Islington school made me a star, says Paloma Faith“. Islington Gazette. Архивирано од изворникот на 1 March 2013. Посетено на 7 January 2013.
- ↑ Smyth, David (29 August 2014). „Prom queen: Paloma Faith interview“. London Evening Standard. Архивирано од изворникот на 30 August 2014.
- ↑ McAndrew, Chris. „Paloma Faith on music, fashion and the East End“. The Times. Посетено на 14 October 2020.
- ↑ Jamieson, Teddy (21 September 2009). „Paloma Faith: Style icon, singer, actress“. Herald Scotland. Посетено на 18 February 2010.
- ↑ Eyre, Hermione (22 October 2009). „The Lives and Loves of Paloma Faith“. Архивирано од изворникот на 26 October 2009.
Надворешни врски
уреди- Paloma Faith discography at Discogs
- Палома Фејт на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Paloma Faith portrait competition at BBC Blast