Џанг Ѕедуан

кинески сликар (1085-1145)

Џанг Ѕедуан (??; 1085-1145, роден во Донгву (денешен Џученг, Шандунг) — истакнат кинески сликар. Живеел во XII век, за време на преодниот период од Северната во Јужната династија Сунг. Постојат докази дека бил дворски сликар за Северната динстија Сунг и дека по падот на династијата, неговите слики биле критика на новата династија. Најголемиот материјал за неговиот живот доаѓа од колофон напишан во 1186 г. од извесен Чанг Чу.

Ќингминшкиот свиок

уреди

Најпознатата слика на Џанг Ѕедуан е „Крај реката за време на Ќингминг“ (清明上何圖, „Ќингминг шанге ту“), меѓутоа овој превод е спорен. Свиокот е прилично широк (околу 9 м) и го прикажува градот. Преводот на нејзиниот наслов е спорен; зборот „ќингминг“ може да се однесува на празникот Ќингминг или пак на ред и мир. Стручњаците предлагаат два можни превода: „Одење низводно на Ќингминг“ или „Владее мир над реката“.

Традиционално се сметаат три нешта за сликата:

  • Прикажаниот град е Кајфенг.
  • Насликана е пред падот на Северната династија Сунг во 1127.
  • Го прикажува празникот Ќингминг.

Современите стручњаци ги оспоруваат сите три нешта:

  • Прикажаниот град е идеализиран непостоечки град.
  • Насликана е по падот на Северната династија Сунг во 1127.
  • Прикажува сцена во рана есен.

Ќингминшкиот свиок е историски важен како една од ретките слики од некогашната царска збирка која сѐ уште се наоѓа во континентална Кина; оваа била особено омилена на царот Пуји, кој ја зел со себе во Манџурија и така таа не станала дел од збирката на Националниот дворски музеј кој подоцна бил преселен во Тајван. Денес свиокот се чува во Забранетиот град, под буден надзор на властите и се изложува само за кратко по еднаш на неколку години.

 

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Valerie Hansen, „The Mystery of the Qingming Scroll and Its Subject: The Case Against Kaifeng,“ Journal of Sung-Yuan Studies 26 (1996), 183-200.