Џавит Асани
Џавит Асани (албански: Xhavit Hasani; Танушевци, Скопско, 10 мај 1957) — македонски политичар и поранешен член на ОНА.
Џавит Асани Xhavit Hasani | |
---|---|
Род | ОНА |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Во редовите на ОВК на приклучил во 1999 година кога имал организирано илегален канал за префрлање на доброволци на Косово преку реонот на село Танушевци. Исто така, во исто време имал и своја единица на припадници на ОВК. По завршувањето на војната во Косово, се занимавал со шверц на акцизни стоки и оружје за потребите на ОВПМБ[1]..
Во текот на конфликтот во Македонија, Асани бил локален командант за регионот Танушевци-Дебалде-Витина, водач на групата „Шипоња“. Под негова команда во околината на Каменица се вршела обука на 140-160 лица за вооружени акции во јужна Србија и Македонија. На 16 февруари 2001 командувал на самиот почеток на борбите во Р Македонија со АРМ во с.Танушевци, по откривањето на репортерот Снежана Лупевска од А1 телевизија за постоење на војни формации во Танушевци, и нејзиното заробување и ослободување по обавениот телефонскиот разговор лично со Асани.
Учествувал во случајот Љуботен.
На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[2], а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш[3]. Осуден на 13 години затвор од скопскиот основен суд.
Наводи
уреди- ↑ „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 83
- ↑ „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-16.