Ќепенок
Ќепенок (турски: kepenk) – капак на дуќански прозорци и врати.[1]. Ќепенците може да бидат дрвени или метални, кои се состојат од неколку крила погодни за отворање, односно затворање. Како архитектонски детаљ ќепенци сè уште може да се видат во старите македонски чаршии.
Во современиот турски јазик зборот kepenk означува пластични или метални ролетни на прозорците, вратите на балконите или гаражите.[2]
Ќепенците во уметноста
уредиНајпознати се „ќепенците“ од песната:
- На Струга дуќан да имам на ќепенците да седам... – Бели мугри од Кочо Рацин
Исто така се среќаваат во други книжевни дела од минатото на овие краишта.
- Калеш Анѓа, роман од Стале Попов
- Бојана, раскази од Иван Точко
- Пустина, роман од Ѓорѓи Абаџиев
- Белата долина, роман од Симон Дракул
- Гоце Делчев, роман од Ванчо Николески
- Зона Замфирова, роман од Стеван Сремац
- Газда Младен, роман од Бора Станковиќ.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „ќепенок“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „kepenk“. tureng - English Turkish online dictionary.
Надворешни врски
уреди- Jovanović, Milivoje (13 февруари 2016). „Ćepenaka više nema ali je ostao duh stare generacije“. Niške vesti. City Marketing Centar. Посетено на 14 ноември 2018.