Виолина

(Пренасочено од Ќемане)

Виолина[1][2], цигулка[3][4], ќемане[5][6] или кемане[7][8]гудачки инструмент кој има четири жици, кои се штимаат во интервал на чиста квинта. Жиците, почнувајќи од најдлабоката, се штимаат во висина на следните тонови: ге (g), де1 (d1), а1 (а1), е2 (е2). Виолината е најмалиот инструмент во семејството на гудачки (жичени) инструменти, каде уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот.
Звук на виолина

Виолина
стандардна современа виолина прикажана од напред и од страна
стандардна современа виолина прикажана од напред и од страна
стандардна современа виолина прикажана од напред и од страна
Класификација
Скала
Сродни инструменти

Делови на виолината

уреди

Виолината се состои од два главни дела: гудало (лак) и виолина.[9]

Гудало (лак) - должината на гудалото изнесува 74 сантиметри, а тежината варира помеѓу 55 и 65 грама (обично е околу 60 грама). Главните негови делови се:

  • Стап - претежно изграден од дрво наречено пернабуко, бидејќи доаѓа од истоимената област во Бразил. Ова дрво е силно и флексибилно во исто време, што е главна одлика за правење добро гудало. Прв кој почнал да го користи тоа дрво за оваа намена, бил творецот Тоурте, на крајот од 18. век.
  • Струни - направени од обработени коњски влакна, прицврстени на двата краја на гудалото (лакот), горниот - врв и долниот - т.н.. жабица. Едно гудало содржи околу 150 коњски влакна. Жабицата се затега со завртка изработена од метал, со чија помош се затегаат и отпуштаат струните. Неопходно е да се спомене и калафониумот, средството за премачкување на струните, за да се оствари подобар контакт помеѓу гудалото и жиците. Калафониумот се прави од смола.

Виолина - виолината се состои од кутија (резонатор), која го засилува звукот на жиците. Нејзиниот горен дел е од смреково дрво, со исечени отвори во форма на латиничната буква ф, и затоа се викаат f-отвори. Долната страна - дното е направена од јаворово дрво. Страниците на кутијата се составени од шест штички, на чии состави со горната и долната страница, од внатрешната страна, се поставени клинови. Кутијата продолжува со заоблен врат. Помеѓу вратот и главата се наоѓа праг, штичка од тврдо дрво(абонос). Во главата се всадени четири чивии, а главата завршува со полжав. На кутијата се наоѓа мовче (кобилица) - тенка дрвена штичка, чија функција е да го пренесува треперењето на жиците врз кутијата, а нејзината заобленост на горната страна овозможува свирење на секоја жица посебно. На долниот крај на кутијата жиците се прицврстени со т.н. кордар. Кордарот со еден јазол што поминува преку долниот праг е прицврстен за едно копче.

 
Детали на виолината

Виолината како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Виолината се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Надворешни врски

уреди

Извори

уреди