Ќазим Асотиќ - Ќазо (бошњачки: Ćazim Asotić; Скопје, 1967) - македонски фаготист, солист во оркестарот на Македонска опера и балет.

Ќазим Асотиќ
Роден(а)Ćazim Asotić
1967
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Занимањефаготист

Животопис

уреди

Асотиќ е роден во Скопје во 1967 година[1]. Своето образование го стекнал во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски–Луј“ во Скопје на отсекот фагот, на Факултет за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Универзитетит во Приштина.

Работел како стипендист и хонорарец во оркестарот на МОБ од 1991 година, бил прв фаготист - солист во Симфонискиот оркестар - Ниш од 1996 до 1998 година и вонреден професор на Музичката академија на Универзитетит во Приштина од 2007 до 2012 година.

Досега гостувал во неколку европски земји, а остварил гостувања со Македонската филхармонија, Мандолинскиот оркестар и бројни рецитали со пијано придружба. Добитник е на повеќе признанија, пофалници и благодарници како за хуманитарни дејности, така и за уметничко и репродуктивно творештво, меѓу кои филантроп-индивидуалец на годината од Македонија во 2009 година и водач за опшествена одговорност од Меѓународната организација ЦИР-а. Асотиќ е основач и директор е на Фондацијата „Срце од срце“ основана за помош и лекување на лица заболени од леукемија и сите видови на карцином. Во февруари 2018 година бил назначен за в.д. директор на Македонската опера и балет.[2]

Наводи

уреди