Љубомир Гајдов
Љубомир Гајдов (роден на 13 март 1943 година во Скопје) — новинар, долгогодишен дописник, уредник и надворешно политички коментатор на МРТ, стручњак и предавач од областа на корпоративното управување, етика, меѓународните односи, образованието и филозофијата.
Љубомир Гајдов | ||
Роден | 13 март 1943 Скопје, Македонија, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | Новинар | |
Татко | Стефан Гајдов |
Животопис
уредиПотекнува од интелектуално семејство. Неговиот татко е познатиот македонски композитор Стефан Гајдов, а неговиот дедо по мајчина линија студирал заедно со австроунгарскиот крал и бил 20 години претседател на Хрватскиот сабор. Студирал на Градежниот и Филозофскиот факултет во Скопје, каде завршил и Магистерски студии по философија на менаџерството, а докторирал на универзитетот Беркли во САД. Бил меѓу главните иницијатори за изградба на првиот европски музеј на холокаустот во Скопје.
Работен век
уредиСвојата новинарска кариера ја започнал во тогаш новоформираниот дневен весник „Вечер“ непосредно по големиот скопски земјотрес во 1963 година. Бил известувач и коментатор од големи светски настани, кои ја смениле светската историја особено крајот на Студената Војна и стекнувањето на независноста и приемот на Македонија во ООН, долгогодишен новинар на МТВ и Радио Скопје, направил голем број интервјуа и учесник на голем број дебати во текот на својата шеесетгодишна новинарска кариера. Во 2018 година станал добитник на наградата за животно дело на Здружението на новинарите на Македонија[1]. Покрај новинарството, професионално е активен и како предавач по предметите Корпоративно управување, Корпоративна етика, Новинарство и Меѓународни односи на Правните факултети во Скопје и Штип, a е потпретседател и на Македонското филозофско друштво и е активен во шахот, при што бил Секретар на Шаховски сојуз на Македонија каде бил со-организатор на 20. Шаховска олимпијада (машка и женска) во Скопје каде бил и комесар на Конгресот на Маѓународната шаховска федерација (ФИДЕ), и со-организатор на Меѓународен шаховски турнир „Средби на солидарноста“.
Покрај новинарството, долги години и сѐ уште активно работи и како менаџерски консултант за Организациски развој и трансформација, управување со промените, парадигма и нејзината промена, школа за лидери и менаџери, лидерски процес, развој на мисија, визија и систем на вредности, деловна/корпоративна етика, организациска култура, развој на човечкиот талент, тимска работа, градење комплементарни лидерски тимови, препознавање и решавање проблеми, управување со времето, преговарање, наградување, ефикасни состаноци, развој на бизнис план, развој на маркетинг и медиски планови.
Наводи
уреди- ↑ [„Код“, Атанасова Точи и Љубомир Гајдов добитници на наградите на ЗНМ (mkd.mk) „Импресум / Редакција“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). Архивирано од изворникот 2018-02-28. Посетено на 2023-11-03.