Љубе Манушев
Љубе Манушев, роден како Љубомир Дамаскин Манушев (1922, Велес — Велес, 18 октомври 2012) — истакнат македонски фотограф и партизан од Велес. Познат е како еден од најстарите фотографи во Македонија и единствениот во Велес за време на Југославија. Имал произведено над 1.000 фотографи. Кога пензионирал, ги донирал сите негови фотографи во архивскиот центар.
Љубе Манушев | ||
Роден | Љубомир Дамаскин Манушев 1922 Велес, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 18 октомври, 2012 Велес, Македонија | |
Почивалиште | Црквата „Св. Пантелејмон“ | |
Сопружник | Нада Манушева | |
Татко | Дамаскин Манушев |
Животопис
уредиМанушев е роден во 1922 година во градот Велес кај велешката населба Дворови.[1] Татко му Дамаскин Манушев бил најстариот велешки фотограф и еден од најстарите во државата. Во 1894 година Дамаскин отворил ателје во градот Велес, првото и најстарото во градот.[2] Во 1930 година Дамаскин му подарил на неговиот син камерата „Клапка“ 10 x 15 којшто Љубе Манушев би го користело неговиот цел живот. Во ателјето на Дамаскин Љубомир почнал да работи кога бил околу 11 години. Помеѓу 1933 и 1934 година почнал повеќе да соработува со неговиот татко.[3]
Во 16 јануари 1939 година покрај велешкиот монопол имало штрајк од велешките социјалистичките работници којшто посакале повеќе права. Манушев бил набљудувач на штрајкот и за време на протестите ги сликнал со неговата примитивна камера. Таа слика станало неговото најпознато дело во неговата кариера со името „Сакаме Леб“.[3][4] Во сликата има протести со знаци на српски јазик, еден од нив пишувало „Сакаме леб“ и од таму се добило насловот на сликата.
За време на протестите Манушев исто така бил повреден, некој протести почнале да го напаѓаат со нивните знаци мислејќи дека бил полицаец, додека српските полицајци го тепале него бидејќи мислеле дека бил дел од протестот, неговата камера била фрлена на земјата и згазната од страна на суровите српски полицајци. Сепак сликата не била оштетена многу.[2] Тој исто така имал и снимки од протестите.
За време на втората светска војна и априлската војна Манушев ги сликал штетите на градот Велес за време на германското и фашистичкото бугарско бомбардирање на градот. Манушев во идна најава истакнал како посакал да си ја донесел камерата во народната ослободителна армија на Македонија за да можел да ги слика партизаните сред борба но не му дозволиле. После ослободувањето на Велес и Македонија Манушев ги донирал сите снимки и слики од војната кон тогашната ново формирана комунистичка влада.[3]
Со неговите снимки и слики од протестите во 1939 година, било снимано краткотраен документарен филм.[3] За надворешни слики Љубомир ја купил камерата „Цај Сикон“ 10 х 15 додека камерата „Клапка“ била користена за внатрешни слики. За следните години сликал различни свадби, празници, матуранти којшто завршиле средно школо, носии и друго. Сликал и граѓани од Чашка и Градско којшто тогаш биле дел од тогашното Титоввелешка околија.[3] Во 1974 година при посета на саем за фото во Келн, Германија открил дека Јапонците произвеле порцелан фотографија. Таква развиена технологија го заинтерисираше Манушев и заради тоа за следните четири години самиот себеси се обидувал да произведе такви резултати со неговите најпознати слики и во 1978 година бил успешен.[5]
На 18 октомври 2012 година со околу 90 години возраст починал Љубомир Манушев,[4] следниот ден неговите посмртни остатоци биле пренесени и закопани во велешката црква Св. Пантелејмон. Различни архитекти и фотографи биле восхитани кон делата на Манушев, тој сликал различно стари куќи во постарите населби на Велес и во неговите слики Манушев секогаш биле прецизни.[5]
Наводи
уреди- ↑ Андреевски, Стоилко (27 мај 2018). „Крајниот сокак на велешкото маало Дворови во стар Велес“. Дума.мк.
- ↑ 2,0 2,1 Китевски, Марко (14 април 2024). „МАКЕДОНСКИ ВЕРСКИ ХРАМОВИ: Закопаната црква во Велес останала под земја 4,5 века заштитена и добро сочувана од хордите“. Денешен.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Полн кадар - Живот со фотографии, Љубе Манушев (1986)
- ↑ 4,0 4,1 Печков, Петар (18 октомври 2021). „Почина фотографот Љубе Манушев 1922 -2012“. ТиРековМиРече.
- ↑ 5,0 5,1 „Велес: Почина фото хроничарот Манушев“. Дума.мк. 18 октомври 2012.