Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јуренџик

црква во Јуренџик, Солунско

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως Θεοτόκου Πεύκων) — црква во селото Јуренџик, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως Θεοτόκου
Карта
40°39′31″N 22°59′19″E / 40.65861° СГШ; 22.98861° ИГД / 40.65861; 22.98861
МестоЈуренџик, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1938 – 1944
Управа
ЕпархијаНеаполско-ставруполска

Црквата се наоѓа на ул. „Микра Асија“ бр. 42. Камен-темелникот е поставен во 1938 г., но градежните работи се прекинати поради избувнувањето на Грчко-италијанската војна во 1940 г. Работата продолжила во 1943 г. со материјал од воените логори на окупациските сили и храмот е завршен во 1944 г. Градбата претставува трикорабна базилика. Проширувана е во 1986 и 1987 г., кога е изградена и камбанаријата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ι. Ν. Κοιμήσεως Θεοτόκου Πεύκων“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2016-10-16. Посетено на 9 октомври 2016.