Јосиф Шурна - Скипо ( 1923 во Скопје1944 во Велмеј, Охридско) — македонски партизан од еврејско потекло, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Јосиф Шурна - Скипо
Роден 1923 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал мај, 1944 година
Велмеј, Охридско, Македонија

Животопис

уреди

Завршил основно и вечерно училиште. Потоа изучил занает. Работел во Скопје како лимар. Се дружел со напредни работници и рано пристапил кон напредното движење. Бил активен учесник во културно-уметничките друштва. Имал пријатен глас и пеел на младинските приредби, како ѝ преку радио Скопје. Под теророт на бугарската полиција во 1942 година се засолнил во Гостивар. Таму се поврзал со Народноослободителното движење и набргу заминал во партизани. Во редовите на Првата македонско-косовска ударна бригада стапил уште при нејзиното формирање, во декември 1943 година. Бил учесник во сите борби на Бригадата, а особено на Кленоец, Пресек, Буковиќ и други места. Во нападите за ослободување на Кичево се истакнал со својата храброст. Во последниот напад на Кичево бил заробен од балистите, но успеал да им избега и пак да ѝ се приклучи на Бригадата. Покрај учеството во оружените судири, имал изразит талент за организирање на културно-забавен живот. Благодарејќи на тоа, биле приредувани настапи за партизаните и населението на ослободената територија.[2] Со Бригадата учествувал и во Богомилскиот марш, од 31 јануари до 14 февруари 1944 година. Во сите борби бил пушкомитралезец ѝ се наоѓал на најисутрените позиции. Особено се истакнал во борбите на реката Треска, кај Кичевско. По враќањето од Богомилскиот марш ја водел својата последна борба кај Велмеј, Охридско. Одејќи во претходница, сретнал силни бугарски единици. Успеал да ги задржи и да ѝ овозможи на Бригадата да се развие, истовремено нанесувајќи му катастрофални загуби на непријателот. Во овие борби храбро загинал, во мај 1944 година.[1]

Една улица во скопската населба Чаир е именувана по него.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 164. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „ЈОСИФ ШУРНА (Нахмијас) – СКИПО“. holocaustfund.org.mk (англиски).