Отвори го главното мени

Јан Лехоњ (полски: Jan Lehoń; 1899-1956) - полски поет.

БиографијаУреди

Во 1930 година, Лехоњ се преселил во Париз, каде работел како дипломат, а потоа емигрирал во Њујорк. Во САД останал до крајот на животот, а животот го завршил со самоубиство.[1]

ТворештвоУреди

Лехоњ е првиот поет на поетската група „Скамандар“ кој станал славен уште на почетокот од своето творештво, во 1918 година, кога ја објавил збирката „Црвена поема“. Објавена во годината на обновувањето на полската држава, оваа книга ги оживеала звуците на старата полска поезија, романтичарската и постромантичарската, која била обожавана од полската публика. Во таа збирка биле застапени сите големи имиња од полската историја и сите полски легенди, заедно со името на водачот на полската независност, Јузеф Пилсудски. Но, веќе во 1920-тите, Лехоњ речиси престанал да објавува поезија. Исклучително елегичен поет, по повеќегодишниот молк, Лехоњ повторно почнал да пишува кога Полска била окупирана за време на Втората светска војна. Неговиот елегичен тон останал и за време на неговиот емигрантски живот, кога продолжил да сонува за мазовјецките полиња, за Татрите, за Варшава од неговата младост, претставувајќи ја својата земја како митска, недостижна земја. Обоена во старински бои, целата негова поезија е посветена само на Полска која не постои во стварноста, на Полска од легендите. До крајот на својот живот, Лехоњ останал поет на полската традиција поради што до ден-денес тој е еден од милениците на полската читателска публика.[2]

НаводиУреди

  1. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 25.
  2. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 25-26.