Јонче Стефаноски
Јонче Ангелев Стефаноски ( 1909 во Карбуница, Кичевско — 20 ноември 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Јонче Стефаноски | ||
Роден | 1909 година Карбуница, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 20 ноември, 1943 година Карбуница, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација. Стрелан од албанските балисти. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Уште во крајот на 1941 година и почетокот на 1942 година бил активен во народно ослободителното движење и член на Народноослободителниот одбор во селото. Во текот на 1942 година учествувал во акцијата против спахилакот во селото, а како активен член на КПМ станал член на Реонскиот комитет. Неговата активност се состоела во организирање и испраќање борци во Одредот. Одржувал врска со позадинците во градот и вршел други партиски задачи. Во ноември 1943 година, кога балистите го заробиле целиот Реонски комитет, фатен бил и Јонче и на 20 ноември бил стрелан по долги малтертирања и испитувања заедно со другите членови на Комитетот.[1]