Јован Страцимир
Јован Страцимир бил цар на Бугарија во Видин од 1356 до 1396. Тој бил роден во 1324 или 1325, и починал во или набрзо по 1397. И покрај тоа што бил најстар преживеан син на Јован Александар, престолот му припаднал на неговиот полубрат Јован Шишман, по што самиот се прогласил за цар во Видин. Кога Унгарците ги нападнале и ги окупирале неговите земји, тој добил помош од неговиот татко по што напаѓачите биле протерани.
Јован Страцимир | |
---|---|
Цар на Бугарија | |
На престол | 1356–1396 |
Претходник | Јован Александар |
Наследник | Константин II |
Роден(а) | 1324/1325 Ловеч |
Починал(а) | 1397 |
Сопружник | Ана Влашка |
Династија | Страцимирови |
Татко | Јован Александар |
Мајка | Теодора Влашка |
По смртта на Јован Александар во 1371, Јован Страцимир ги прекинал врските со Трново, па дури и го ставил Видинскиот архиепископ под јурисдикција на Цариградската патријаршија за да ја покаже својата независност. Поради својата географска положба, Видин првично бил безбеден од нападите на Османлиите кои го напаѓале Балканот на југот, а Јован Страцимир не се обидел да му помогне на Јован Шишман во неговата борба против Османлиите. Дури по падот на Трново во 1393 неговата политика станала поактивна и на крајот се приклучил на крстоносната војна на унгарскиот крал Сигизмунд. Меѓутоа, по катастрофалната битка кај Никопол во 1396, Османлиите тргнале кон Видин и го зазеле. Јован Страцимир бил заробен и затворен во Бурса каде најверојатно бил задавен. Иако неговиот син Константин II ја презел титулата цар на Бугарија и на моменти контролирал некои делови од царството на неговиот татко, Јован Страцимир се смета за последен владетел на средновековна Бугарија.
Предци
уредиПредци на Јован Страцимир | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|