Јован Кукузел е светец, кој бил средновековен црковен пејач и композитор (13-14 век), музички теоретичар и реформатор на византиското нотно писмо. Бидејќи бил надарен со прекрасен глас, неговите современици го нарекуваат Ангелогласниот.

Јован Кукузел
Роден 1280
Драч, ден. Албанија
Починал 1360
Света Гора ден. Грција

Се стекнува со образование во императорското пејачко училиште во Цариград, Византија. Потоа оди во Света гора, каде што живее до крајот на својот живот. Од времето на неговиот престој во Цариград доаѓа и неговото име - "Кукузел". Кога бил во помладите години, кога го запрашале што јадел, тој одговорил "кукија ќе зелија" (на грчки:κουκιά καί ζέλια), обидувајќи се да каже на грчки "грав со зелка". Ја обновува византиската музика со словенска интонација. Создава две реформи - ја воведува повеќегласноста и го усовршува старото нотно писмо.

Извори за неговиот живот се црпат од неговото житие, кое е составено кон крајот на 14 век. Препис од него се чува во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија. Бројот на негови познати композиции е 90. Најпозната негова творба е "Полиелеј на Бугарката" и е посветена на мајка му.[1]

На 15 јануари 2007 во Бигорскиот манастир пристигнале светите мошти на св. Јован Кукузел.[2] Моштите пристигнале преку Големата Лавра, манастир на Светото Преображение во Бостон (каде се чува целиот череп, и поголем дел од моштите). Тие се подарок во чест на тоа што во родните краишта на св. Јован Кукузел му е подигнат параклис (во метохот на св. Георгиј Победоносец, во с. Рајчица, Дебарско). Веднаш по пристигнувањето, моштите се ставени во чист пчелин восок и вградени во сребрена кутија.

На 14 октомври се прославува македонскиот светител Преподобен Јован Кукузел.[3], а додека Бугарската православна црква го прославува на 1 октомври.

Во Македонија, Јован Кукузел е етнички Македонец.[4][5][6], во Бугарија се смета за Бугарин[7][8] а според него, неговата мајка е Бугарка.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Robert A. Maguire, Alan Timberlake - American contributions to the Twelfth International Congress of Slavists, 1998, Slavica, p.66 (For instance, the famous reformer of Byzantine music, loan Kukuzel (ca. 1302-ca. 1360), not only used his musical composition „Polieleos of a Bulgarian Woman" melodic elements from his mother's laments...)
  2. Моштите на св. Јован Кукузел
  3. Свети Јован Кукузел. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 2009-04-06.
  4. http://makedonija.rastko.net/delo/12220#_Toc190867373
  5. http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=693F93B8B288C54E8044AC395CF992D8
  6. Македонецот Јован Кукузел оставил траен белег во црковната музика! (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-09-07. Посетено на 2009-04-06.
  7. David Marshall Lang - „The Bulgarians: from pagan times to the Ottoman conquest“, 1976, Westview Press, p. 145 („John Kukuzel, the eminent Bulgarian/born reformer of Byzantine music.“)
  8. Kodai Oriento Hakubutsukan - Bulletin of the Ancient Orient Museum, 1979, The Museum, p.10 („An exceptional role for the performing of the Byzantine and Bulgarian church music played the Bulgarian from Drac (Durazzo in Albania) Ioan Kukuzel ...“)

Надворешни врски