Јован Костов (Ваташа)

Јован Костов - Вано ( 1908 во Ваташа1987 во Кавадарци) — спортист, член на Соколското друштво од Кавадарци.[1]

Јован Костов
Роден 1908 година
Ваташа
Починал 1987 година
Кавадарци
Националност Македонец

Животопис

уреди

По завршувањето на основното образование работел како шеќерџија во сопствениот дуќан. Во 1921 година заминал во Крушевац каде што работел како винар во фабриката Рубин. Во младоста многу го сакал спортот особено гимнастиката. Бил сокол - предњак во Соколското друштво во Кавадарци.[2] Учествувал на голем број натпревари со соколското друштво, а бил носител на многу награди и признанија. Како сокол учествувал и на поголем број слетови во земјата и во странство (Софија, Прага и т.н.).

Во 1936 година кога олимпискиот оган минувал низ Југославија, Вано Костов како врвен спортист трчал со факелот на олимпискиот оган, а факелот се чува и денес во неговото семејство. Во 1963 година еден е од основачите на винарската визба Повардарие, каде работи до неговото пензионирање. Починал во Кавадарци во 1987 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 417. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. Уневски (31 јануари 2013). „85 години од формирањето на соколското друштво во Кавадарци“. kavadar4e.com.