Јост Бирги
Јост Бирги или Јобст Бирги (герм. Joost Bürgi,Jobst Bürgi; 28 февруари 1552, Лихтенштајн, Швајцарија - 31 јануари 1632, Касел, Хесен-Касел) бил швајцарски часовничар и математичар. Ги измислил логаритмите независно од Џон Непер, по поинаков метод. Непер го објавил својот изум во 1614, и оваа книга веќе била распространета ширум Европа додека Бирги успеал да го објави својот во 1620, по налог на Јоханес Кеплер.
Потсојат докази дека[1] Бирги ги изумил логаритмите во 1588, дури шест години пред Непер воопшто да почне да работи на таа проблематика. Но со одложувањето на издавањето на изумот до 1620, Бирги веќе не можел да бара приоритет за изумот.[2]
Бирги имал и главен удел и во простаферезата, техника на брзо пресметување по пат на тригонометриски идентитети, која им претходи на логаритмите.
Месечевиот кратер Биргиј е именуван во негова чест.
Наводи
уреди- ↑ Florian Cajori, "Algebra in Napier's Day and Alleged Prior Inventions of Logarithms," стр. 93 од Napier Tercentenary Memorial Volume, изд. Cargill Gilston Kontt. Longmans, Green and Company (London) (1915)
- ↑ e:The story of a Number, од Eli Maor. стр. 14. Princton University Press (Princeton, New Jersey) (1994) ISBN 0-691-05854-7
Надворешни врски
уредиОваа статија за математичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |