Јелка Масин-Спасовска

македонска лекарка и професорка

Јелка Масин-Спасовска (7 март 1964 во Охрид9 мај 2017 во Скопје) — македонска лекарка, интернист-нефролог и универзитетски професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[2]

Јелка Масин-Спасовска
Родена 7 март 1964
Охрид, СФРЈ СФР Југославија
Починала 9 мај 2017(2017-05-09) (возр. 53)
Скопје, Македонија Македонија
самоубиство[1]
Националност Македонка
Занимање лекарка, интернист-нефролог, универзитетски професор

Животопис уреди

Родена е на 7 март 1964 година во Охрид. Средно образование завршила во Скопје, а високо образвование завршила на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1991 година. Во 1992 година се запишала на магистерски студии на Медицинскиот факултет во Скопје, а во мај 1999 година го одбранила магистерскиот труд на тема: „Динамика на промените на плазма-вискозноста и фибронектинот кај хипертензија индуцирана со гравидитет“. Докторирала на 9 јануари 2009 година на истиот факултет.

На Медицинскиот факултет во Скопје во јуни 1994 година е избрана во звањето помлад асистент. Од јуни 2000 година е избрана во звањето асистент од областа интерна медицина. Во мај 2010 година е избрана во звањето научен соработник од областа на интерна медицина. За виш научен соработник е избрана во 2015 година и за вонреден професор е избрана на 22 декември 2015 година.

Изведувала настава на студиските програми од прв и втор циклус студии, учествувала во континураната обука за лекари за водење на акутна и хронична дијализа, лекари-стажанти и лекари од примарното здравство. Активно била вклучена како ментор и едукатор на специјализантите по интерна медицина. Има објавено 74 научни труда од нефролошката трансплантациска област, од кои 33 печатени трудови, 10 научни труда во научни списанија со импакт-фактор, 20 труда во меѓународни научни списанија, 1 труд во меѓународна научна публикација, 2 труда со оригинални научни резултати објавени во научно стручно списание и 41 труд во зборници од научни собири.

Била член на повеќе национални, балкански, европски и меѓународни здруженија.

Смрт уреди

Јелка Масин-Спасовска починала на 9 мај 2017 година во неразјаснети околности, кои ја бранувале јавноста скоро цела година. На крајот, Јавното обвинителство го затворило предметот како „самоубиство“.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ландов, Кристијан (2018-01-04). „(Видео) Случај „Јелка Масин" - ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството“. МАКФАКС. Посетено на 2020-10-03.
  2. „MMP 71(2) 2017.pdf“. Google Docs. Посетено на 2020-10-03.