Јајце со плот и рози (Фабержеово јајце)
Јајце со плот и рози – едно од серијата од 52 украсни царски велигденски јајца изработени под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже. Јајцето било изработено во 1907 година за последниот руски цар, Николај II. Царот Николај ѝ го подарил јајцето на својата сопруга, Александра Фјодоровна за третата годишнина од раѓањето на нивниот син, престолонаследникот, Алексеј. Јајцето се наоѓа во „Музејот на уметноста Волтерс“ во Соединетите Американски Држави.[1].
Јајце со плот и рози | |
---|---|
Велигденското јајце „Јајце со плот и рози“ | |
Година на изработка | 1907 |
Нарачател | Николај II, поклон за Александра Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Музеј на уметноста Волтерс, Балтимор, САД |
Година на стекнување | 1931 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Хенрих Вигстрем |
Употребен материјал | злато, емајл, дијаманти |
Висина | 7,7 cm |
Ширина | 5,9 cm |
Изненадување | медалјон со портрет на царскиот престолонаследник Алексеј (изгубен) |
Опис
уредиЈајцето е златно, покриено со бледозелен емајл и украсено со дијамантски плот и пупки рози, покриени со матиран, светло и темнорозов емајл, со смарагдни зелени лисја. На врвот и на основата на јајцето се наоѓаат крупни дијаманти. На долниот дијамант има натпис „1907“, додека натписот на горниот не е сочуван. Се претпоставува дека на горниот натпис се наоѓал монограм. [2]
Изненадување
уредиСурпризот (изненадувањето) од ова јајце е изгубен, но според истражувањата, тоа бил дијамантски медалјон со ликот на принцот Алексеј, насликан во акварел на слонова коска. [2].
Сопственост
уредиЦарот Николај II ѝ го подарил ова јајце на својата сопруга Александра Фјодоровна на Велигден 1907 година во чест на тригодишнината од раѓањето на нивниот син Алексеј. По револуцијата, заедно со другите богатства на царското семејство, јајцето било конфискувано од страна на болшевиците. Во 1920 година јајцето се наоѓало кај рускиот емигрант во Париз Александар Половцов. Во 1930 година го купил Хенри Волтерс од Балтимор, САД. Подоцна јајцето му било завештано на „Музејот на уметноста Волтерс“, и од 1952 година се наоѓа во постојаната поставка на музејот. [4].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Коллекция яиц Фаберже“. Архивирано од изворникот на 2013-05-24. Посетено на 2017-04-16.
- ↑ 2,0 2,1 „A detailed article on the Rose Trellis Egg from mieks.com“. Архивирано од изворникот на 2012-01-03. Посетено на 2017-04-16.
- ↑ „Rose Trellis Egg“. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2017-04-16.
- ↑ Яйцо Сетка из роз[мртва врска]