Јан Ериксон (фудбалер роден во 1967)
Јан Јонас Јакоб „Јане“ Ериксон (24 август 1967) бил поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата на дефанзивец или одбранбен играч.
Лични инфомации | |||
---|---|---|---|
Цело име |
Јан Јонас Јакоб Ериксон | ||
Дата на раѓање |
24 август 1967 | ||
Место на раѓање |
Сундсвал, Шведска | ||
Висина |
1,83 (6 стапки и о инчи) | ||
позиција | |||
Младинска кариера | |||
1974–1980 | |||
1980–1986 | |||
Сениорска кариера | |||
Година |
Тим |
Настапи |
(Голови) |
1985–1986 |
44 |
(2) | |
1987–1990 |
73 |
(2) | |
1991–1992 |
39 |
(3) | |
1992–1994 |
37 |
(4) | |
1994–1995 |
7 |
(0) | |
1995–1996 |
6 |
(0) | |
1996 |
28 |
(3) | |
1997–1998 |
1 |
(0) | |
1998–1999 |
35 |
(2) | |
Вкупно |
270 |
(16) | |
Државна репрезентација | |||
1985–1986 |
7 |
(0) | |
1988–1990 |
15 |
(1) | |
1990–1994 |
35 |
(4) | |
* Сениорските натпревари и голови се броени само во домашното првенство |
Започнувајќи ја својата кариера со ИФК Сундсвал во средината на 1980-тите, тој продолжил да игра професионално во својата Шведска, но и во Германија, Швајцарија, Англија и САД пред да се пензионира во 1999 година.
Како репрезентативец помеѓу 1990 и 1994 година, одиграл вкупно 35 натпревари за репрезентацијата на Шведска и учествувал на Светското првенство во фудбал во 1990 година во Италија како и на УЕФА ЕВРО 1992 година. Исто така бил избран да настапува и на Светското првенство во ФИФА 1994 година во САД, но морал во последен момент да се повлече поради повреда.
Тој бил добитник на ревијата Гулдболен во 1992 година како најдобар шведски фудбалер на годината.
Клупска кариера
уредиЕриксон одиграл неколку натпревари за тимовите на ГИФ Сундсвал и ИФК Сундсвал пред да потпише со АИК во 1987 година.[1] Во 1992 година, тој потпишал со ИФК Норшепинг, а подоцна се преселил да игра во Германската Бундес лига за тимот на 1.ФК Кајзерслаутерн.[1] Тој бил награден со Гулдболен наградата во 1992 година додека играл во тимот на Кајзерслаутерн.[1] Накратко во 1994 година се вратил во екипата на АИК, пред да продолжи да ги претставува тимовите Сервет ФК и Хелсингборг ИФ. За последните два тима играл во периодот помеѓу 1995 и 1996 година.[1]
Ериксон му се приклучил на англискиот тим Сандерленд во јануари 1997 година, но за клубот одиграл само еден натпревар и тоа оној во поразот на Сандерленд од Астон Вила со 1:0 во февруари 1997 година.[2] Тој го напуштил клубот во мај 1998 година.[1] Последните две години од својата професионална кариера ги минал во Тампа Беј во Мејџор фудбалската лига во САД заедно со неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата на Шведска голманот Томас Равели.[1]
Меѓународна кариера
уредиЗа репрезентацијата на Шведска Ериксон одиграл 35 натпревари и постигнал четири гола.[3] Два од тие 4 гола биле постигнати на Европското првенство во 1992 година во Шведска.[3] Тој бил избран во тимот за Светското првенство во ФИФА,1990 година, но не настапил на ниту еден натпревар.[3] Ериксон бил избран во репрезентацијата на Шведска за настап наСветското првенство во ФИФА 1994 година, но морал да ја напушти екипата непосредно пред почетокот на турнирот поради повреда. Бил заменет со играчот Теди Лучиќ.[1]
Приватен живот
уредиТаткото му на Јан Ериксон, Јан-Оке Ериксон како и неговиот помлад брат Патрик Ериксон-Олсон биле исто така поранешни фудбалери.[1]
Статистика на кариерата
уредиМеѓународна статистика
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 1990 година | 5 | 0 |
1991 година | 8 | 1 | |
1992 година | 11 | 2 | |
1993 година | 7 | 1 | |
1994 година | 4 | 0 | |
Вкупно | 35 | 4 |
- Список на оценки и резултати. Првиот резултат е бројката на голови на Шведска, а вториот резултат ги покажува постигнатите голови на Ериксон.
Број | Дата | Место на одржување | Противник | Резултат | Резултат | Тип на натпревар | Навод |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 9 октомври 1991 година | Стадион Алмент, Луцерн, Швајцарија | Швајцарија | 1–3 | 1–3 | Пријателски | [4] |
2 | 10 јуни 1992 година | Стадион Росунда, Солна, Шведска | Франција | 1–0 | 1–1 | УЕФА Евро 1992 година | [5] |
3 | 17 јуни 1992 година | Стадион Росунда, Солна, Шведска | Англија | 1–1 | 2–1 | УЕФА Евро 1992 година | [6] |
4 | 19 мај 1993 година | Стадион Росунда, Солна, Шведска | Австрија | 1–0 | 1–0 | Квалификации за Светското првенство во ФИФА 1994 година | [7] |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „500 AIK:are - Jan Eriksson“. www.aik.se. Посетено на 2021-02-10.
- ↑ „Savo the Saviour“. Independent. 1 February 1997. Посетено на 10 November 2015.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Jan Eriksson - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se. (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-04-22. Посетено на 2021-02-10.
- ↑ „Schweiz - Sverige - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-06-28. Посетено на 2021-02-10.
- ↑ „Sverige - Frankrike - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-07-09. Посетено на 2021-02-10.
- ↑ „Sverige - England - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-07-09. Посетено на 2021-02-10.
- ↑ „Sverige - Österrike - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2021-07-31. Посетено на 2021-02-10.