Јанкула Јосифоски

(Пренасочено од Јанкула Јанкулоски)

Јанкула Николов Јосифоски ( 1918 во Велмевци, Демирхисарско1945 во Радуша) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Јанкула Јосифоски
Роден 1918 година
Велмевци, Демирхисарско, Македонија под окупација на Србија
Починал април, 1945 година
Радуша, Македонија
Националност Македонец
Споменик на народниот херој Јанкула Јосифоски во селото Велмевци.

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште, го изучил пекарскиот занает. Како војник во старата југословенска војска бил заробен и однесен во логор во Германија. Во текот на 1944 година се вратил од логор и станал партизан во редовите на Шестата македонска бригада. Учествувал во расчистувањето на балистичките банди во Гостиварско и Тетовско и загинал во една акција во борба со балистите кај Радуша под Шар Планина во април 1945 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 67.