Јазици на Украина

Официјалниот јазик на Украина е украинскиот јазик, источнословенски јазик, кој претставува мајчин јазик на 67.5% на украинската популација. Според прирачното дело Ethnologue во државата се зборуваат дополнителни 40 малцински јазици и дијалекти; речиси сите од нив се изворно од Советскиот Сојуз.

Како резултат на легислативата насловена 'Предлог-законот за принципите на државната јазична полиса' од 2012, јазиците кои биле зборувани од најмалку 10% на жителите на областите, биле овозможени да бидат издигнати до статус на 'регионален јазик'. Сепак, во 2014, Конституционалниот Суд на Украина почнал да врши рецензија на конституционалноста на законот и на 28 февруари 2018, одлучил дека законот треба да биде укинет како неконституционален.

Користење на јазикот во секојдневието

уреди

Според првиот (и засега единствен) попис на населението на Украина од 2001, етничките Украинци составуваат 77.8% од населението. Други етнички групи во државата вклучуваат Руси (17.3%), Белоруси (0.6%), Молдавци (0.5%), Кримски Татари (0.5%), Бугари (0.4%), Унгарци (0.3%), Романци (0.3%), Полјаци (0.3%), Евреи (0.2%), Ерменци (0.2%), Грци (0.2%), Караити (>0.1%), Кримчаки (>0.1%) и Гагаузи (0.1%).[1]

Според студија спроведена во периодот од 11–23 декември 2015 од страна на Центарот Разумков во сите региони на Украина освен Крим, и сепаратистичките држави Донетск и Луханск, мнозинството го сметало украинскиот за мајчин јазик (60%), проследено од рускиот (15%), додека 22% ги користеле обата јазика еднакво. Два проценти од испитаниците имале друг мајчин јазик. Како претпочитан јазик на работа, ист број избрале или украински или руски (37%) и 21% општеле двојазично. Оваа студија имала 10,071 испитаници и користела 1% маргинска грешка.[2][3]

Претходни анкети

уреди

Во октомври 2009, според анкета спроведена од страна на про-руската социолошка компанија FOM-Ukraine, од 1,000 испитаници, 52% изјавиле дека го користат рускиот како „јазик на комуникација“; додека 41% од испитаниците изјавиле дека го користат украинскиот и 8% изјавиле дека користеле мешавина од двата.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Opinion on the law on Supporting the functioning of the Ukrainian language as the State language [Мислење за законот за поддршка на функционирање на украинскиот јазик како државен] (PDF) (Report) (англиски). Venice Commission. 9 декември 2019. стр. 3. CDL-AD(2019)038. Посетено на 17 декември 2022.
  2. „Українці стали частіше розмовляти українською“ [Украинците почнаа почесто да зборуваат украински]. Українська правда (украински). Посетено на 17 декември 2022.
  3. „Консолідація українського суспільства: шляхи, виклики, перспективи: Інформаційно-аналітичні матеріали“ [Консолидација на украинското општество: начини, предизвици, перспективи: информативни и аналитички материјали] (PDF). Uceps.org (украински). Архивирано од изворникот (PDF) на 13 јуни 2016. Посетено на 17 декември 2022.
  4. „ФОМ > Мнения и взгляды населения Украины в сентябре - октябре 2009 года“ [ФОМ > Мислења и ставови на населението на Украина во септември - октомври 2009 година]. Bd.fom.ru (руски). Посетено на 17 декември 2022.

Библиографија

уреди