Лингвистика

(Пренасочено од Јазикословие)

Лингвистика (јазичарство или јазикознание[1]) — научното[2][3] проучување на јазикот.[4][5] Лингвистиката зазема голем број на подисциплини и науки. Постои важна тематска поделба помеѓу учењето за структурата на јазикот (граматика) и учењето за неговото значење (семантика и прагматика). Граматиката ги опфаќа морфологијата (образувањето и составувањето на зборовите), синтаксата (правилата кои одредуваат како зборовите се комбинираат во фрази и реченици) и фонологијата (учење за звучните системи и абстрактните звучни единици). Фонетиката пак е гранка на лингвистиката која се засега за вистинските својства на говорните звуци (гласови), неговорните звуци и како тие се произведуваат и перцепираат.

Останати подисциплини на лингвистиката се: еволуционистичката лингвистика, која го разгледува потеклото на јазикот; историската лингвистика, која ги истражува промените на јазикот; социолингвистиката, која ја проучува поврзаноста помеѓу јазичаричкото варирање и социјалната структура; психолингвистиката, која го проучува односот меѓу јазичното однесување и менталните процеси што се основа на тоа однесување; невролингвистиката, која го проучува функционирањето на деловите од мозокот кои овозможуваат да се употребува јазикот; јазичното усвојување, кое разгледува како децата го стекнуваат својот прв јазик и како децата и возрасните се стекнуваат со и го учат нивниот втор јазик, како и наредните јазици; и говорната анализа, која се засега за структурата на текстовите и разговорите, и прагматиката која разгледува како е примено значењето врз основа на комбинација од јазичаричка способност, нејазичаричко знаење и контекстот на говорната уметност.

Лингвистиката понекогаш се дефинира како научен приод на науката за јазикот, но на јазикот може да му се пријде од мноштво правци, а и голем број на други интелектуални дисциплини се значајни за него и влијаат на неговото учење. Семиотиката, на пример, е поврзано поле кое се засега за општото проучување на знаци и симболи, во и надвор од јазикот. Книжевни теоретичари ја изучуваат употребата на јазикот во уметничка книжевност. Лингвистиката често позајмува знаења од разновидни полиња како психологија, логопедија, информатика, филозофија, биологија, човечката анатомија, социологија, антропологија и акустика.

Во полето, јазичар или лингвист се користи да се опише некој кој или го изучува полето или користи јазичаричка методологија за да изучува одредени јазични групи или одредени јазици. Надвор од полето, овој поим честопати се однесува на луѓе кои зборуваат многу јазици или имаат одличен речник на зборување.[6]

Номенклатура

уреди

Сè до појавата на лингвистиката како посебна наука, таа се сметала за дел од филологијата. Но, откако Фердинанд де Сосир се залагал за важноста на синхрониската анализа, во почетокот на XX век лингвистиката се издвојува од филологијата. Сега под филологија се подразбира „наука која обединува историски, литературолошки и јазичарички проучувања“.[7][8]

Поимот филологија бил за првпат прифатен за употреба во 1716, а иако поимот лингвист гледан како ученик на јазик датира уште од 1641, поимот лингвистика бил прифатен во 1847.[9] Оттогаш лингвистиката е прифатена како општа наука за јазикот.

Историја

уреди

Линвистиката како научен опит за опишување и објаснување на човечката вештина за јазикот. Во древните цивилизации, јазичаричкото учење било првично мотивирано од точниот опис на класичните литургиски јазици, најзабележливи се оние од санскритската граматика на Панини (4 век п.н.е.), или со развојот на логиката и реториката кај Грците. Во почетокот на 4-от век п.н.е., Кина исто така развила свои граматички традиции, а арапската и еврејската граматика се развила за време на средновековната доба.

Модерната лингвистика почнала да се развива во 18-от век, достигнувајќи го „златното време на филологијата“ во 19-от век. Првата половина од 20-от век беше обележана со структуралното училиште кое се засновало на работата на Фердинанд де Сосир во Европа и на Едвард Сапир и Леонард Блумфилд во САД. Во 1960-тите години се имало голем напредок на многу полиња од лингвистиката, како на пример генеративната граматика на Ноам Чомски, социолингвистиката на Вилијам Лабов и модерната психолингвистика.

Структура

уреди

Јазичаричките структури се парови на значења и форма. Секој пар значење и форма е јазичен знак. На пример, значењето „мачка“ е претставени на светско ниво со различни звучни форми, движења со рацете (знаковен јазик) и пишани форми (пишан јазик).

Јазичарите кои се фокусираат на структурата се обидуваат да ги сфатат правилата во поглед на употребата на јазикот кои луѓето ги знаат. Сите јазичарички структури може да бидат поделени на делови кои се комбинирани според (не)свесни правила, преку повеќекратни нивоа на анализа.

Лингвистиката има многу дисциплини кои се осврнати кон различни јазични структури. Теоријата кои ги разјаснува, предложена од Ноам Чомски, е позната како генеративна теорија на универзалната граматика. Дисциплините кои се фокусирани на структурните проучувања се:

  • фонетика, наука за физичките одлики на говорот,
  • фонологија, наука за звуците (фонемите),
  • морфологија, наука за морфемите,
  • синтакса, наука за подредувањето и односот на зборовите во реченицата,
  • семантика, наука за значењата на зборовите и речениците,
  • прагматика, наука која прочува како изгвороената единица се користи во комуникацијата,
  • анализа на дискурс (говор), анализа на јазикот кој се користи во текстот,
  • стилистика, науча за јазичаричките фактори кои го поставуваат дискурсот,
  • семиотика, наука за симболите.

Пристап

уреди

Една од големите дебати во лингвистиката е проблемот за тоа како јазикот да биде дефиниран или разбран. Некои јазичари го користат поимот „јазик“ за да се означи хипотетскиот, внатрешен модул на човековиот ум кој им овозможува на луѓето да поседуваат јазично однесување, кое пак е дел од формалистичкиот пристап. Се смета дека универзалната граматика се смета дека ги води децата кога учат јазици. Следбениците на ова гледиште, кои воглавно се тие од генеративната теорија на Ноам Чомски, не сметаат дека јазикот се развил спрецифични за комуникација. Тие сметаат дека тоа има врска со процесот на структуирање на човековата мисла.

Друга група јазичари го користат поимот „јазик“ за да го означат комуникацискиот систем кој се развил. Таквите функционални теории за граматиката го гледаат јазикот како алатка која се развила и се присвоила за комуникациски цели.[10]

Методологија

уреди

Лингвистиката е воглавно описна. Јазичарите опишуваат и образложуваат одлики на јазикот без да се направат субјективни пресуди за тоа дали определени одлики се „добри“ или „лоши“. Кодификацијата, од другата страна пак, е обид да се промовираат одредени јазични употреби на сметка од другите, односно често се фаворизираат одредени дијалекти. Ова се одвива сè со цел да се основа стандарден јазик, кој би се користел за комуникација во поголема географска област. Исто така, ова може да е алатка една група луѓе да го наметнат својот говор врз други. Крајност на кодификацијата а цензурата, која се обидува да елиминира зборови и структури од општата комуникација.

Анализа

уреди

Пред 20 век, јазичарите го анализирале јазикот на дијахроно ниво, кое било историски во фокусот. Ова значи дека тие би споредувале јазични единици и се обидувале да го анализираат јазикот од поглед на тоа колку се сменил јазикот од тогаш и подоцна. Подоцна, фокусот се сменил кон посинхроничен пристап, каде имало анализа меѓу различни јазични форми.

Извори

уреди

Повеќето современи јазични публикации издвојуваат дека говорниот јазик е пофундаментален одошто пишаниот јазик. Ова е поради следново:

  • говорот се смета за поуниверзален за сите човекови суштества кои се способни да го произведат и слушнат, а има и култури каде јазикот не е пишан;
  • говорот се развил пред пишаниот јазик;
  • луѓето научиле да зборуваат и обработуваат говорен јазик полесно одошто пишан.

Сепак, јазичарите се согласни дека проучувањето на пишаниот јазик може да е значајно и вредно. Истражувањата кои се засноваат на корпусот или компјутерите, пишаниот јазик е посоодветен за анализа. Изговорениот текст често е транскрибиран.

Наводи

уреди
  1. понекогаш и јазикословие
  2. Fromkin, Victoria; Bruce Hayes; Susan Curtiss, Anna Szabolcsi, Tim Stowell, Donca Steriade (2000). Linguistics: An Introduction to Linguistic Theory. Oxford: Blackwell. стр. 3. ISBN 0631197117.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Martinet, André (1960). Elements of General Linguistics. Tr. Elisabeth Palmer (Studies in General Linguistics, vol. i.). London: Faber. стр. 15.
  4. Halliday, Michael A. K.; Jonathan Webster (2006). On Language and Linguistics. Continuum International Publishing Group. стр. vii. ISBN 0826488242.
  5. Greenberg, Joseph (1948). „Linguistics and ethnology“. Southwestern Journal of Anthropology. 4: 140–47.
  6. „Linguist“. The American Heritage Dictionary of the English Language. Houghton Mifflin Harcourt. 2000. ISBN 978-0395825174.
  7. Online Etymological Dictionary: philology
  8. McMahon, A. M. S. (1994). Understanding Language Change. Cambridge University Press. стр. 9. ISBN 0-521-44665-1.
  9. Online Etymological Dictionary: linguist
  10. Isac, Daniela; Charles Reiss (2013). I-language: An Introduction to Linguistics as Cognitive Science, 2nd edition. Oxford University Press. ISBN 978-0199660179. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 2014-01-12.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди