Љубисав Иванов - Ѕинго

Политичар од Македонија
(Пренасочено од Ѕинго)

Љубисав Иванов - Ѕинго (Трновац, Кратовско, 8 ноември 1936Кратово, 17 ноември 2020) — македонски стопанственик, спортски работник и политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник во Собранието на Македонија. Бил пратеник во Собранието на Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија до 2011 година.[1]

Животопис

уреди

Завршил Рударско-геолошки факултет и повеќе од 40 години бил генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ - Кратово.

За претседател на СПМ бил избран на Вториот конгрес на СПМ кој се одржал во јули 1995 година и бил реизбран на Третиот, Четвртиот, Петтиот и Шестиот конгрес на СПМ.[2]

Тој бил првиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија по осамостојувањето на Македонија и на должноста бил во периодот од 1993 до 1996 година.

Наводи

уреди