Ѓуро Курепа

српски математичар

Ѓуро Курепа (српски: Ђуро Курепа, хрватски: Đuro Kurepa (Мајски Полјани, 16 август 1907 - (Белград, 2 ноември 1993) – српски и хрватски математичар и универзитетски професор.[1] Во својот работен век Курепа издал преку 700 статии, книги, рецензии [2] и над 1.000 научни рецензии. Предавал на бројни универзитети во Европа, Канада, Куба, Ирак, Израел и САД, како и на скоро сите универзитети во тогашна Југославија.[1] Негов внук бил познатиот математичар Светозар Курепа.[3]

Ѓуро Курепа
Ђуро Курепа
Đuro Kurepa
Ѓуро Курепа
Роден(а)16 август 1907(1907-08-16)
Мајски Полјани, Австроунгарија
Починал(а)2 ноември 1993(1993-11-02) (возр. 86)
Белград, Србија
Полињаматематика
УстановиУниверзитет Загреб
Универзитет Белград
ОбразованиеУниверзитет Загреб
Универзитет Париз
Докторски менторМорис Рене Фреше
Познат потеорија на множества и математичка логика
Поважни наградиНаграда АВНОЈ[1]

Животопис

уреди

Роден во Мајски Полјани крај Глина во тогашна Австроунгарија, Курепа бил најмалото од четиринаесетте деца на Раде и Анѓелија Курепа. Школувањето го започнал во родното место, продолжил во Глина матурирал во Крижевци.[2] Диплома од теориска математика и физика добил на Универзитетот во Загреб во 1931 година и истата година почнал да работи како асистент по математика. Потоа Курепа отишол на Колеж де Франс (Collège de France) на Универзитетот во Париз, каде докторирал во 1935 година. Негов ментор бил францускиот математичар Морис Рене Фреше, а неговата теза била насловена Ансамбл ордоне е рамифие (Ensembles ordonnés et ramifiés) [2]

Курепа продолжил со постдокторски студии на Универзитетот Варшава во Полска и на Универзитетот Париз. Во 1937 година станал доцент на Универзитетот Загреб, вонреден професор следната година, а редовен професор во 1948 година.[1] После Втората светска војна и формирањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, тој патувал на повеќе универзитети и институти во Соединетите Држави.[2]

Во 1965 година, Курепа се префрлил на Универзитетот Белград каде се фокусирал на полето на логиката и теоријата на множества. Курепа бил члена на повеќе организации, вклучувајќи ја Српската и Југословенската академија на науките и уметностите (преименувана во Хрватска академија на науките и уметностите)[4]. Тој исто така бил основач и претседател на Здружението на математичари и физичари на Хрватска, основач и главен уредник на весникот Mathematica Balkanica, и претседател на Југословенскиот национален комитет за математика, Балканското математичко здружение, и на Унијата на југословенски здруженија на математичари, физичари и астрономи. Во 1976 година ја добил наградата АВНОЈ, а во 1977 година се пензионирал.[1]

Оставнина

уреди

Курепа на повеќе начини дал свој придонес на теоријата на множества, вклучувајќи го давање на неговото име на Курепиното дрво.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Mijajlović, Žarko (1995). „Đuro Kurepa“ (PDF). стр. 13–18. Посетено на 2007-01-01.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Ѓуро Курепа“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
  3. Умре истакнатиот математичар Светозар Курепа на хрватскиот Дневник
  4. „The Founding of the Academy“. Croatian Academy of Sciences and Arts. 2004-12-23. Архивирано од изворникот на 2006-09-28. Посетено на 2007-01-01.

Надворешни врски

уреди