Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ
Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (роден во Гевгелија - починал во 1911 година во Гевгелија) — српски офицер, илинденски револуционер и македонски „автономист”.[1][2]
Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ | ||
Роден | Гевгелија, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1911 Гевгелија, Отоманско Царство | |
Занимање | офицер |
Животопис
уредиПо кратко учителствување во с. Мачуково (1. Ⅳ 1898), се запишал на Воената академија во Белград (22. Ⅶ 1898). Како српски поручник двапати со своја чета влегува во Македонија, но бил ранет е во борбите со Турците и се лекувал во Софија (1903). Убеден дека „македонските борци навистина војуваат за автономија на земјата и дека тоа е единствениот пат за нејзино спасување од турските нокти”, се вратил во Србија, поднел оставка на офицерската служба и станал сопственик и одговорен уредник на органот на обновениот (заедно со Григорие Хаџи Ташковиќ) Македонскиот клуб во Белград в. Автономна Македонија (1905) со мото: „Балканот на балканските народи. Македонија на Македонците” и со девиза: „Првин слобода, па после пребројување!”[1][2]
Со Хаџиташковиќ преговарале во Софија со „левото крило” на ТМОРО за учество на Рилскиот конгрес (1905). По големите реакции во Србија, весникот бил забранет, а тој прогонуван и интерниран во Пожаревац. Успеал да побегне во Австроунгарија, Црна Гора и во Бугарија, а по Младотурската револуција заедно со Јане Сандански се прибрал во Македонија и починал од туберкулоза како турски службеник во родниот град.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓерѓиковиќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 502. Text "series " ignored (help)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 170. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)