Јавна точка на безжичен пристап

(Пренасочено од Wi-Fi hotspot)

Јавна точка на безжичен пристап (ЈТБП или хотспот, од англ. hotspot = „жариште“) — место што нуди интернет преку безжична локална мрежа користејќи насочувач (router) поврзан со семрежен услужник (ISP). Јавните точки на пристап обично користат Wi-Fi технологија.

Дијаграм на една безжична Wi-Fi мрежа

Ваквите пристапни точки се среќаваат во кафулињата и други угостителски и услужни места ширум развиениот свет.

Историја

уреди

Локалните мрежи за јавен пристап прв ги предложил Хенрик Сједин на конференцијата NetWorld+Interop во Сан Франциско во август 1993 г.[1]. Во 1994 неговиот соработник Стјуарт ја основал фирмата PLANCOM (т.е. Public LAN Communications, која подоцна прераснала во MobileStar, која пак станала единицата HotSpot на T-Moble USA) и фирмата Wayport во 1996.

Наплатните и бесплатните пристапни точки и понатаму се шират. Денес тие покриваат цели градови, но и оддалечени кампови и одморалишта[2].

Постојат многу разни деловни модели за јавни точки на безжичен пристап. Секој од нив треба да предвид сопственичките права и патентите на оние што ја осмислиле технологијата и инфраструктурата (моментално над 1.000 одобрени и во исчекување).

Употреба

уреди

Јавноста може да користи преносен сметач, Wi-Fi телефон или друг соодветен преносен уред за да пристапи на безжичната линија (обично Wi-Fi). Највеќето продадени уреди во текот на изминатите години имаат можност за поврзување. Тука се вбројуваат 150 милиони преносни сметачи, 14 милиони лични дигитални помагала (PDA) и други понови Wi-Fi уреди.

Местата што имаат широкопојасен интернет можат да понудат пристапна точка едноставно купувајќи пристапен уред, заедно со насочувач и да го поврзат уредот со интернет. Постојат многу уреди што ги имаат овие две можности заедно.[3]

Места

уреди

Јавните точки на безжичен пристап честопати се среќаваат во ресторани, железнички станици, аеродроми, воени бази, библиотеки, хотели, болници, кафулиња, книжарници, бензински пумпи, трговски центри, супермаркети, кампови, телефонски говорници и други јавни места. Многу универзитети и училишта имаат безжични мрежи на нивните кампуси.

 
Некои говорници имаат и точка на безжичен пристап.

Видови

уреди

Бесплатни пристапни точки

уреди

Бесплатните јавни точки на безжичен пристап може да имаат:

  • Најлесниот начин да се создаде јавна пристапна точка е со отворена јавна мрежа. Потребен е само насочувач кој не бара заверка (т.е. можноста е исклучена), отворајќи ја врската за секој оној што е во домет. Неповолно е тоа што пристапот не може да се контролира.
  • Затворени јавни мрежи со раководен систем за контролирање на пристапната точка. Овој програм работи со самиот насочувач или со надворешен сметач. Со него операторите можат да им одобруваат само на извесни корисници кои ќе купат извесни производи или услуги. Операторите можат да ја огрнаичат и проточноста на корисникот, со цел да им се обезбеди пристојна брзина на сите корисници подеднакво. Честопати ова се прави со договори на услужно ниво.

Наплатни пристапни точки

уреди

Наплатните јавни точки на безжичен пристап може да имаат:

  • Портал или најавен екран кајшто корисниците се пренасочуваат за заверка и плаќање
  • Плаќање со кредитна картичка, PayPal, iPass или друга платежна служба
  • Функции за управување што нудат бесплатен пристап на извесни мрежни места
  • Услужно-ориентирано снабдување за подобра заработувачка

Наплатните точки почесто се среќаваат во поголемите аеродроми и деловните хотели. Највеќето обични хотели нудат бесплатен пристап, а ова станува сè поприсутно во помалите аеродроми и аердоромските соби за одмор.

Поголемите фирми што нудат пристапни точки денес нудат и роаминг-услуги. Со ваквите услуги, корисниците на наплатен услужник добиваат пристап до точките на други услужници со доплата врз основа на потрошени минути.

FON е европска фирма што им овозможува на корисниците да ја споделуваат врската на интернет и истата ја продава неискористената проточност на надворешни корисници. Со цел да не ги прекршува условите на услужување, FON има склучено договори со многу семрежни услужници.

Безбедност

уреди

Некои пристапни точки заверка (автентикација) од корисниците. Ова не дава обезбедување на преносот на податоци, ниту пак штити од тајно надгледување.

Некои услужници нудат виртуелна приватна мрежа (ВПМ или VPN) како сигурносна можност. За жал ова решение е скапо за да се примени во големи размери. Исто така безбедноста не е потполна, бидејќи системот ја штити врската помеѓу сметачот и мрежата, но не и самата мрежа.

Постојат и бесплатни јавни точки на пристап поставени од крадци на идентитети со цел да извлекуваат податоци од корисниците.[4] Крадците имаат пристап до адресата на терминалот и го надгледуваат сообраќајот. Вака се обидуват да откријат кориснички имиња, лозинки и други чувствителни информации.

Со цел да се добијат навистина безбедни пристапни точки, Сојузот за WiFi подготвува нов програм кој го шифрира сообраќајот со најновите безбедности мерки за WPA2 [5]. Програмот треба да започне со работа во првата половина на 2012 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Историја на Wi-Fi (англиски)
  2. Јавни точки на безжичен пристап за камповите на рекреативни возила во САД (англиски)
  3. Поставување на јавна точка на безжичен пристап (англиски)
  4. Los Angeles Times (англиски)
  5. Аџај Гупта (2011). „Пристапните точки со WPA2 ќе можат да се обезбедуваат со новиот систем за овластување за WiFi“. Infosecurity USA. Архивирано од изворникот на 2011-07-25. Посетено на 23 март 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help) (англиски)