Безжичен насочувач

Безжичен насочувач (англ. wireless router) е уред кој ги врши функциите на насочувач (router), но исто така има и функции на точка на безжичен пристап (WAP) и мрежен преклопник. Тие најчесто се користат за да се овозможи пристап до семрежјето или сметачка мрежа, без потреба од поврзување со жица. Можат да функционираат во жичена локална мрежа (LAN), локална безжична мрежа (WLAN), или во мешана жичена/безжична локална мрежа. Најсовремените безжични насочувачи имаат следниве одлики:

  • LAN порти, кои функционираат на ист начин како и портите на мрежниот преклопник (network switch).
  • WAN порта, за поврзување со широкораспростанета мрежа (WAN), обично некоја со семрежен пристап. Надворешните одредишта се пристапуваат со користење на оваа порта. Ако таа не се користи, многу функции на насочувачот ќе бидат заобиколени.
  • Безжична антена. Овозможува поврзување со други безжични уреди како картички за мрежно посредување (NIC), безжични повторувачи, безжични пристапни точки (wireless access points), безжични мостови и сл., обично со помош на Wi-Fi стандард.
Типичен безжичен насочувач

Некои безжични насочувачи, исто така, вклучуваат DSL или кабелски модем во прилог на нивните други компоненти.

Најзначајни производители

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди