Voices (Скопје)
Voices, познато и како VOICES, ― месечно списание на три јазици со седиште во Скопје, Македонија. Станува збор за проект на невладината организација Волонтерски Центар Скопје. Објавува статии на англиски, македонски и албански јазик.[1]
Честота | месечно |
---|---|
Издавач | Волонтерски Центар Скопје |
Основано | 2006 |
Прв број | декември 2006 | -->
Земја | Македонија |
Јазик | англиски, македонски и албански јазик |
Портал | voiceskopje.org |
Списанието е целосно уредено од доброволци, од координација на состаноци до дизајнирање на списанието, преку пишување написи и други дела. Месните доброволци и млади луѓе од целиот свет, исто така, придонесуваат за списанието со пишување написи и/или преведување на истите.
Voices е издавано од декември 2006 година и има 179 изданија согласно август 2022, од кои 27 се во печатена верзија. До 2013 година имало по едно печатено издание годишно; а сега е печатено три до четири пати годишно.
Цели
уредиСписанието VOICES има за цел да обезбеди повеќе можности за младите луѓе за да можат да стекнат искуство за работа во некој меѓународен состав луѓе, да откриваат други земји и култури, да промовираат волонтерство и да научат повеќе за пишување, уредување и дизајнирање списание, но и за неформални образовни програми и активно младинско вклучување.
Мисија
уредиVoices е насочен на вклучување на младите луѓе во општеството и исто така да им даде платформа слободно да се изразат, да го споделат своето мислење и да ги интегрираат во составот на Voices. [2]
Пишување/списание
уредиСписанието VOICES е секогаш отворено за нови статии и писатели; луѓето можат да пишуваат за која било тема освен говор на омраза и политика. Списанието VOICES секој месец има околу 12 статии на различни теми. Темите кои често се наоѓаат во магазинот VOICES се:
Од сите овие теми, трите најчести се (без редослед):
- Еразмус+
- Новинарство
- Мислење
Поткаст VOICES to Hear
уредиVoices доаѓаат во многу врсти и облици. Почнувајќи од октомври 2021 година, составот на VOICES започнал да прави и поткасти на англиски. Во епизодите се вклучени различни теми. Премин од „Sexual education“ и „TikTok as a tool for artistic expression“ до „Happily n’ever after“ и „Why the f*** people trash?“, што претставува како поткастот е широко распространет со различни теми. Поткастите се достапни на Spotify и на Google Podcasts под наслов „VOICES to Hear“.[3]