Лоза
- За истоменото списание видете „Лоза“.
Лози | |
---|---|
Гроздови на винова лоза (Vitis vinifera) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Лозовидни[1] Burnett |
Семејство: | Лози Juss., nom. cons. |
Родови | |
Лози (науч. Vitaceae) — семејство дикотиледонски цветни растенија каде спаѓаат виновата и петолисната лоза. Го носи името на типскиот род лоза (Vitis).
Сродноста помеѓу членовите не е јасна, а самата фамилија нема блиски сродници. Во Кронквистовиот систем, фамилијата е сместена близу до Крушини (Rhamnaceae) во редот Крушиновидни (Rhamnales). Припаѓа на кладот розиди, но Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG) не ја класификува во ниеден ред. APG III (2009) ги сместува Лозите во свој сопствен ред наречен лозовидни (Vitales). Филогенетските анализи ги поддржуваат Лозивидните како сродни на сите други розиди.[2]
Видовите од родот лоза (Vitis) имаат по 38 хромозоми (n=19), со исклучок на подродот Muscadinia, кој има 40 (n=20). Родовите Ampelocissus, Parthenocissus и Ampelopsis исто така имаат по 40 хромозоми (n=20), додека Cissus има 24 (n=12).
Фамилијата има стопанско значење поради видовите на лози (Vitis) од кои се добива грозје и се прави вино.
Видовите од родот тетрастигма (Tetrastigma) се домаќини на паразитските растенија од фамилијата рафлезии (Rafflesiaceae).
Мрежата за истражување на фило филогенијата на скриеносемениците и APG, во Лози го вбројуваат родот Leea.
Лозата како мотив во уметноста
уреди- „Песна на лозите во лозјата на Водно“ — песна на Блаже Конески од 1955 година.[3]
- „Стара лоза“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.[4]
- „Лозје“ — расказ од истоимената збирка на Блаже Конески од 1955 година.[5]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ APG III
- ↑ Jansen et al. 2006
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 56.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 70.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 149-152.
- R. K. Jansen, C. Kaittanis, S. B. Lee, C. Saski, J. Tomkins, A. J. Alverson and H. Daniell. 2006. Phylogenetic analyses of Vitis (Vitaceae) based on complete chloroplast genome sequences: effects of taxon sampling and phylogenetic methods on resolving relationships among rosids. BMC Evolutionary Biology 6: 32 [14 стр.].