V5856 Стрелец (Sagittarii), исто така позната како Нов стрелец (Nova Sagittarii) 2016 број 4, ― поранешна 4-та и најсветла нова што се случила во соѕвездието Стрелец во текот на 2016 година. Откриена била од Сенебесното автоматско истражување за супернови (што му го доделило името ASASSN-16ma) на 25.02 октомври 2016 година, во тоа време имала привидна ѕвездена величина од 13,7.[7] Била независно откриен од Јукио Сакурај од Мито, Ибараки, Јапонија на 26.38 октомври 2016 година, и тогаш достигнала јачина од 10.4 степени.[8] Ја достигнала својата максимална осветленост од 5,4 степени, со што станала видлива со голо око, на 8 ноември 2016 година.[4] Новата се случила во рамките на регионот на небото следен од страна на оптичкиот гравитациски микролеќен опит (OGLE), и таа група објавила дека нема ѕвезда посветла од 22 степени (I група) била видена кај положбата на новата пред својот избув.[1]

V5856 Стрелец

V5856 Стрелец (лево од средина, заокружен во црвено) близу нејзинината врвна светлост и Венера (подолу десно)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Стрелец
Ректасцензија 18ч 20м &1000000000000522500000052,25с[1]
Деклинација −28° 22′ &1000000000000012100000012,1″[1]
Прив. величина (V) 5.4 – <22[2]
Особености
Променлив тип Нова[3]
Астрометрија
Оддалеченост4.200+1.200
900
[4] пс
Други ознаки
V5856 Sagittarii, PNV J18205200-2822100, ASASSN-16ma, V5856 Sgr, Nova Sagittarii 2016 No. 4[5][6]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
Светлинската крива на V5856 Стрелец исцртана од податоците на АЗНПЅ.

V5856 Стрелец брзо опаднала од максималната осветленост, избледувајќи за 2 степени за 11,3 дена и 3 степени за 14,5 дена.[9] Затоа е класифицирана како „брза“ нова во шемата за класификација на Сесилија Пејн-Гапошкин.[10] Новата покажала два врвови: врв „огнена топка“ што одговара на слободно проширливиот материјал исфрлен од избувот и, скоро една недела подоцна, вториот посјаен врв се совпадна навреме со откривањето на γ-зраците од новата преку Ферми-ЛАТ. Врвот на огнената топка се случила во различни времиња во зависност од брановата должина на светлината што се набљудува, но вториот врв се случил во исто време за сите бранови должини.[11]

Местоположбата на V5856 Стрелец (заокружена со црвено).

Сите нови се бинарни ѕвезди, со „дарителска“ ѕвезда која кружи околу белото џуџе. Двете ѕвезди се толку блиску една до друга што материјата се пренесува од дарителот на белото џуџе. Во случајот со V5856 Стрелец, отсуството на откривање на потомок во сликите на OGLE предложува дека дарителоот е џуџеста ѕвезда.[11]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Mroz, P.; Udalski, A.; Pietrukowicz, P. (октомври 2016). „OGLE-IV Pre-discovery Observations of Two Recent Galactic Novae“. The Astronomer's Telegram. 9683: 1. Bibcode:2016ATel.9683....1M.
  2. „Detail for V5856 Sgr“. International Variable Star Index. Посетено на 14 септември 2021.
  3. Rudy, R.J.; Crawford, K.B.; Russell, R.W. (декември 2016). „Optical and Infrared Spectral Features of the Galactic Nova ASASSN-16ma (PNV J18205200-2822100)“. The Astronomer's Telegram. 9849: 1. Bibcode:2016ATel.9849....1R.
  4. 4,0 4,1 Li, Kwan-Lok; Metzger, Brian D.; Chomiuk, Laura; Vurm, Indrek; Strader, Jay; Finzell, Thomas; Beloborodov, Andrei M.; Nelson, Thomas; Shappee, Benjamin J.; Kochanek, Christopher S.; Prieto, Jose L.; Kafka, Stella; Holoien, Thomas W. S.; Thompson, Todd A.; Luckas, Paul J.; Itoh, Hiroshi (септември 2017). „A nova outburst powered by shocks“. Nature Astronomy. 1 (10): 697–702. arXiv:1709.00763. Bibcode:2017NatAs...1..697L. doi:10.1038/s41550-017-0222-1. S2CID 118882469.
  5. „V5856 Sgr“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
  6. Mukai, Koji. „Koji's List of Recent Galactic Novae“. asd.gsfc.nasa.gov. NASA. Посетено на 14 септември 2021.
  7. Stanek, K.Z.; Kochanek, C.S.; Brown, J.S.; Holoien, T.W.S.; Shields, J.; Shappee, B.J.; Prieto, J.L.; Bersier, D.; Dong, Subo; Bose, S.; Chen, Ping; Chomiuk, L.; Strader, J.; Brimacombe, J. (октомври 2016). „ASAS-SN Discovery of A Likely Galactic Nova ASASSN-16ma on the Rise“. The Astronomer's Telegram. 9669: 1. Bibcode:2016ATel.9669....1S.
  8. Nakano, S.; Sakurai, Y.; Schmeer, P.; Stanek, K.Z. (април 2017). „V5856 Sagittarii = Pnv J18205200-2822100“. IAU Circular. 9286: 1. Bibcode:2017IAUC.9286....1N.
  9. Özdönmez, Aykut; Ege, Ergün; Güver, Tolga; Ak, Tansel (мај 2018). „A new catalogue of Galactic novae: investigation of the MMRD relation and spatial distribution“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 476 (3): 4162–4186. arXiv:1802.05725. Bibcode:2018MNRAS.476.4162O. doi:10.1093/mnras/sty432. S2CID 73722195.
  10. Payne-Gaposchkin, Cecilia (1964). The galactic novae. New York: Dover. Bibcode:1964gano.book.....P.
  11. 11,0 11,1 Munari, U.; Hambsch, F.J.; Frigo, A. (август 2017). „Photometric evolution of seven recent novae and the double-component characterizing the light curve of those emitting in gamma rays“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 469 (4): 4341–4358. arXiv:1703.09017. Bibcode:2017MNRAS.469.4341M. doi:10.1093/mnras/stx1116. S2CID 109928052.