Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси

семрежен биоразновидносен програмски проект на Министерството за земјоделство на САД
(Пренасочено од Germplasm Resources Information Network)

Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси (англиски: Germplasm Resources Information Network, скрат. GRIN) — семрежен проект на Националната програма за генетски ресурси кој раководи со базата на податоци за сета растителна гермоплазма која ја собира Националниот систем за растителна гермоплазма (NPGS) на Министерството за земјоделство на САД.[1]

Покрај работата со растителни гермоплазми, GRIN е задолжен и за гермоплазмите на инсекти (безрбетници), микроби и животни како одделни потпроекти.[2]

Опис

уреди

Мрежното место е ресурс со меродавни таксономски информации со научни и народни имиња[3] на преку 500.000 единици (разновидности, сорти итн.) од 10.000 видови растенија.[4][5] Опфатени се како оние од стопанско значење[3] така и дивите видови. Ги покрива оние што важат за штетни корови,[3] загрозените и засегнатите видови,[3] со податоци за нивната распространетост низ светот[3] нивните живеалишта; како и „пасошки“ информации.[6] Во состав на GRIN е ставена и Базата на стопански растенија.[3]

Мрежата ја одржува Единицата за управување со бази (GRIN/DBMU).[2] Целиот проект е под надзор на Националната лабораторија за гермоплазмени ресурси (NGRL) од Белтсвил, Мериленд,[6] кој во 1990 г. ја презел должноста од нејзиниот претходник — Лабораторијата за гермоплазмени услуги (Germplasm Services Laboratory, GSL),[2]).[7]

Потпроекти

уреди

GRIN ги води следниве проекти:[8]

  • Национален систем за растителна гермоплазма (NPGS)
  • Национален систем за животинска гермоплазма (NAGP)
  • Национален систем за микробна гермоплазма (NMGP)
  • Национален систем за безрбетничка гермоплазма (NIGP)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. National Research Council (U.S.); Committee on Managing Global Genetic Resources: Agricultural Imperatives (1991). The U.S. National Plant Germplasm System. National Academies Press. стр. 139. ISBN 9780309043908.
  2. 2,0 2,1 2,2 „About us“. Agricultural Resource Service. 11 мај 2009. Архивирано од изворникот на 27 мај 2012. Посетено на 30 јуни 2012.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Lipscomb, Barney L.; Pipoly, John James; Sanders, Roger William (2000). Floristics in the New Millennium: Proceedings of the Flora of the Southeast US Symposium. 18. BRIT Press. стр. 90. ISBN 9781889878041.
  4. Miller, William; Pellen, Rita M. (2006). Evolving Internet Reference Resources. 1. Psychology Press. стр. 386. ISBN 9780789030252..
  5. „Accession Area Queries“. Germplasm Resources Information Network. Архивирано од изворникот на 27 мај 2012. Посетено на 30 јуни 2012.
  6. 6,0 6,1 Ullrich, Steven E. (2011). Barley: Production, Improvement, and Uses. John Wiley & Sons. стр. 149. ISBN 9780813801230.
  7. National Research Council (U.S.).; Committee on Managing Global Genetic Resources: Agricultural Imperatives (1991). The U.S. National Plant Germplasm System. National Academies Press. стр. 6, 96. ISBN 9780309043908.
  8. „About GRIN“. Germplasm Resources Information Network. Архивирано од изворникот на 9 мај 2012. Посетено на 30 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди