Лажен гавијал

(Пренасочено од Tomistoma schlegelii)
Лажен гавијал
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Gavialidae
Потсемејство: Tomistominae
Род: Tomistoma
Müller, 1846
Вид: T. schlegelii
Научен назив
Tomistoma schlegelii
(Müller, 1838)
Распространетост на лажниот гавијал

Лажниот гавијал (Tomistoma schlegelii) познат и под името Малајски гавијал е влекач кој живее во слатки води. Наликува на крокодил со многу тенка и издолжена муцка слична на гавијалот, одкаде го добива и името.

Особености

уреди

Поради морфолошките одлики, ова животно долго време било класифицирано во фамилијата Crocodylidae, но со најновите имунолошки истражувања се покажало дека е всушност многу поблизок до гавијалот отколку што се мислело претходно. Денес заедно со фосилните роднини од Maroccosuchus се ставени во фамилијата Gavialidae[1].

Живеалиште

уреди

Природното живеалиште на лажниот гавијал се шест речни системи во Суматра и Малезија. Исто така го среќаваме и во Борнео, Јава, Виетнам и Тајланд (не е забележан од 1970 година). Фосили од овој вид пронајдени во јужна Кина укажуваат на тоа дека во одреден период овој вин ги населувал и тие региони.

Размножување

уреди

И лажниот гавијал како и останатите крокодиловидни видови се размножува со јајца. Сè уште е непознато кога е периодот на парење во дивината, и кога е периодот наположување на јајцата. Женките обично достигнуваат полова зрелост кога се со големина од 2-3 метри. Женките положуваат 30-60 јајца во гнездата во форма на ритче изградени од суви листови или тресет. Откако ќе ги положи јајцата и ќе го изгради гнездото женката го напушта. За разлика од повеќето други крокодиловидни видови, младите на лажниот гавијал немаат никаква родителска грижа и многу често завршуваат како плен на грабливци како мунгосот, големи мачки како тигар и леопард, виверови и диви кучиња. Младите излегуваат од јајцата после 90-дневен период на инкубација.

Заштитен статус

уреди

Лажниот гавијал е загрозен вид во повеќето региони каде што е распространет. Најголема опасност претставува сушењето на слатководните мочуришта и уништувањето на околните дождовни шуми. Овој вид е често ловен поради неговата кожа и месо. Исто така неговите јајца се собирани од луѓето кои ги конзумираат. Сепак, преземени се позитивни мерки од малезиската и индонезиската влада за да се заштити видот од изумирање. Се проценува дека има околу 2500 единки. Во Европа и во САД се создадени и фарми за одгледување.

Потекло на поимот

уреди
  • Името на родот Tomistoma доаѓа од грчкиот збор tomos (остар) и stoma (уста), поради формата на муцката кај овие животни
  • Името на видот schlegelii е по германскиот зоолог Херман Шлегел (Hermann Schlegel)

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Molecular Systematics of the Order Crocodilia“.

Надворешни врски

уреди