Адел Емели Санде (родена на 10 март 1987), позната по нејзиното сценско име Емели Санде, е Шкотска[2][5][6] Р&Б и соул пејачка и текстописец. Санде публиката ја запозна по појавувањето на третиот сингл на раперот „Chipmunk Diamond Rings“ кој ги донесе нејзе и раперот за првпат на англиската сингл топ листа. Во 2010 се појави на „Roll Deep star“ заедно со Вили го испеаа хитот „Never Be Your Woman“ кој стана уште еден топ 10 хит. Сајмон Кауел ја нарече негов омилен автор во минута.Има напишано текстови за голем број артисти како Шер Лојд, „Parade“, Сузан Бојл, Прија Калидас, Леона Луис, Алиша Диксон и Шерил Кол.

Емели Санде
Животописни податоци
Родено имеАдел Емели Санде
Роден(а)10 март 1987(1987-03-10)(37 г.)[1][2][3][4]
ПотеклоАлфорд, Шкотска, Шкотска[2]
ЖанровиСоул, Р&Б
ЗанимањаПејачка, музичарка и текстописец
Период на активност2009–денес
ИздавачиVirgin
(2010–денес)
Capitol Records
(2012-денес)
Мреж. местоemelisande.com

Во 2010 потпиша договор со издавачката куќа „EMI Music“. Подоцна објави дека „Virgin Records“ и понудилe договор за снимање. Санде го издаде нејзиниот прв соло сингл „Heaven“ во август 2011 кој стана инстант хит во светот. Санде имаше два број еден синглови во Англија и Ирска со „Read All About It“ кој го испеа со „Professor Green“ и „Next to Me“. Таа ја објави нашата верзија на настаните во февруари 2012, по објавувањето на албумот кој го достигна врвот во Велика Британија.[7]

Рани години

уреди

Емели Санде родена од татко Замбиец и мајка Англичанка. Пораснала во Алфорд, Албердиншир во Шкотска.[2][3] Студирала медицина на универзитетот во Глазгов , но прекинала во четврта година.Изјави дека образованието е една од најважните работи за неа и наведува ако нејзината музичка кариера не успее може да се врати на образованието.Нејзиниот менаџер Адријан Сајкс трпеливо ја чекал додека да наполни 16 години.Таа го изјави тоа со зборовите "Адријан навистина почитува тоа што сакам да имам образование позади мене .Исто така знае дека моите родители се заинтересирани да го завршам факултетот“.

Емели Санде има тетоважа со артистот Фрида Кало.На 11 годишна возраст кога Санде беше уште во основно училиште ја напиша својата прва песна на училишното шоу на таленти.Таа вели " тоа беше првпат кога помислив дека можам да бидам и текстописец.Отсекогаш знаев дека сакам да се бавам со музика и отсекогаш сакав да пишувам.Бидејќи луѓето кои ги слушав сите пишуваа никогаш не помислив на опцијата да се пее песна на некој друг.Првата песна што ја напишавме се викаше "Tomorrow Starts Again" песната имаше соодветна структура дури и доби оцена 8".На 15 годишна возраст Choice FM ја покани во Лондон,Велика Британија да учествува во натпреварот "Rapology" што тие го организираа .Ричард Блеквуд ја однесе во Камден студиото на МТВ да пее госпел. Санде одеше во истото средно училиште каде што татко и беше професор.Таа вели "Мразев кога бев болна и пропуштав часови бидејќи бев гладна за учење.Бев многу срамежлива,здодевна и со исклучително добро однесување.Неизбежно низ целото мое средно образование како дел од мојот идентитет беше дека сум ќерка на Г-дин Санде.Немаше шанси да се влечкам или да навлезам во невоља бидејќи ќе бев упатена кај него за неколку минути.И да ви кажам татко ми беше строг. "

Кариера

уреди

2008-2010 Кариера - почетоци

уреди

Сестра и на Санде направила видео снимка како свири на пијано и пее една од нејзините омилени песни "Nasty Little Lady". Го испратиле видеото на Trevor Nelson's BBC Urban music competition.Санде победила на шоуто и и бил понуден договор за снимање,но менаџментот кој таа го запозна преку натпреварот се одлучи против договорот.Нејзините родители испратија цеде со нејзини песни во 1Xtra.Рас Кваме го пушташе во "Homegrown Sessions" и четворица артисти таа година беа испратени да направат шоу во Сохо.Се сретна со Watford –роден музички продуцент/писател, Shahid Khan познат како Naughty Boy кој имал соработувано со Ms Dynamite и Bashy и започнаа да пишуваат песни за артисти како Alesha Dixon, Chipmunk, Professor Green, Devlin, Preeya Kalidas, Cheryl Cole и Tinie Tempah.Наскоро потпишува договор со Вирџин рекордс и ЕМИ рекордс.Во едно интервју изјавува "Работев на едно шоу во Лондон за 1Xtra и го запознав ова момче познато како Naughty Boy.Влеговме во студио и започнавме да работиме.Започнавме да пишуваме не само за мене ,ние само мислевме Ајде да направиме поп мелодија и експеримент.И ја напишавме песната на Chipmunk ,јас помислив дека нема да има ништо од тоа. Naughty Boy му ја испрати на Chipmunk на кој многу му се допадна и си напиша негови работи низ неа.Потпиша договор со Вирџин рекордс во 2010 година.Подоцна во рана 2011 потпиша договор и со ЕМИ рекордс.

Санде направи деби како пејачка во 2009 година откако се појави на песната која на напиша за првиот деби сингл на Chipmunk "Diamond Rings".Синглот се најде на 6-тото место на UK Singles Charts појавувајќи се првпат на Top 10 Hit.Подоцна се појави на друг сингл пеејќи придружни вокали ,по соработката со Wiley на неговиот сингл "Never Be Your Woman" со кој Wiley направи враќање на музичката сцена,синглот беше на 8-мо место на UK Singles Charts правејќи го вториот хит на Санде кој се на во Топ 10 листата.Санде објави дека го сменува нејзиното име од Адел Санде во Емели Санде кое е нејзино средно име , а тоа се должи на големиот успех на Адел.Таа вели "Го сменив веднаш штом се појави Адел.Помислив сега си со преземено име ,па затоа отидов со моето средно име.Таа стануваше сè поголема и поголема ,јас мислав дека тоа навистина е потребно.

2011 до денес-наша верзија на настаните, интернационален успех и пишување текстови

уреди

Додека се правеше нејзиниот деби албум Санде започна да работи со Tinie Tempah.Таа помогна во пишувањето на "Let Go" на кој ги испеа и придружните вокали.Исто така започна да работи и со Девлин по снимањето на песната именувана како "Dreamer".Санде подоцна откри дека ќе работи на претстојниот албум The Entertainer на Alesha Dixon.Таа е соавтор на хит синглот "Radio" заедно со Shahid Khan исто така соавтор е и на песните на албумот на Cheryl Cole,како и на албумот на Professor Green каде пее и вокали.Првиот нејзин сингл е објавен во почетокот на 2011.Имаше шпекулации околу тоа која песна ќе биде објавена па многу весници објавија дека тоа ќе биде "Daddy".Првиот официјален сингл од претстојниот деби албум беше "Heaven" која беше објавена на 14 август 2011.Песната има добиено позитивни критики од многу блогови како This Must Be Pop и Robot Pigeon.

 
Емели Санде во „XOYO“ на 24 јануари 2012.

Откри дека Симон Ковел и е омилен текстописец а тоа се должи на нејзиното пишување песни за Леона Луис и Сузан Бојл.Санде започна едно интервју : изјави дека би сакала да ја запознае Бојл после пишувањето песни за неа велејќи "Сè уште ја немам запознаено неа.Само и ја испратив песната.Сакам да ја запознаам затоа што мислам дека е еден вид рок звезда. "Една од песните на кои Санде е соавтор ќе се појави на албумот на Бојл насловен како "This Will Be The Year. Леона преслуша неколку песни па моравме една недела во студио со неа.Леона и јас многу добро се вкопивме.Потоа работевме заедно усте една недела.Беше многу природно.Таа ги сними песните Trouble и Mountains па со нетрпение очекувам да ги слушнам на нејзиниот албум.Таа беше објавена откако Professor Green ја објави списокот на песни за неговиот албум At Your Inconvenience на кој Санде се појавува на првиот сингл од албумот "Read All About It".Синглот беше објавен во октомври 2011 една недела пред да се појави албумот.Двојката исто така ја изведе песната во живо на финалето на Х Фактор.Потврди дека "Daddy" ќе биде вториот официјален сингл.Санде го освои првото место на UK Singles Chart по "Read All About".На 26 Ноември настапи на LG ARENA во Birmingham за BRMB 2011.На 15 Декември беше избрана од Критичарите на Британските награди за 2012.Во албумот се вклучени и песни кои самата ги напишала а се оценети како"богато мелодични, класично моќни ,ретро футуристички ,соул и поп песни".Таа се заснова на влијанието на нејзината музика на Нина Симоне,Џони Мичел и Лорин Хил.Вели дека нејзините песни се за светски мир и политички прашања.Албумот го достигна својот врв во Аглија беше број 1,на второ место во Ирска а и се појави во околу 10 Европски држави и Австралија.Санде вели дека клучот за добра песна е кога авторот се служи со помош на "чесност" и "сурови емоции".Ако се обиде да напише нешто што е "премногу паметно" креативниот процес нема да работи за неа. "Kill the Boy" беше една од првите идеи кои и излегоја од главата на Санде.Вели дека ако треба да работи на една песна повеќе од еден ден ,нема да се врати на таа песна и нема да работи.Таа дури и изјави дека ќе започне да работи ако идејата се појави за момент.Беше објавено дека е номинирана на Британските награди 2012 за Британско откритие.Моментално го пишува материјалот за оригиналната постава на Sugababes.На 24 Јануари 2012 Санде имаше настап за Q Magzine во XOYO, Лондон.Беше поддржана од британскиот соул артист Мајкл Киванука.Снимија верзија на хитот Титаниум од Дејвид Гета и двојката ја изведе песната на NRJ Music Awards in France.Санде напиша песна за претстојниот LP на Naughty Boy насловен како "Hollywood" кој го изведува соул пејачката Габриел.Се е тоа за слава која доаѓа и си оди и ќе биде објавен во Ноември

Личен Живот

уреди

Во Јануари 2012 Санде потврди дека е верена за нејзиниот дечко кој не и е познат на јавноста а за кој вели дека е долго во врска.Нејзиниот дечко побарал да остане анонимен ,Санде откри само дека не е во музичката индустрија но дека е научник.

Наводи

уреди
  1. „Twitter status“. twitter.com. Twitter. 10 March 2012. Посетено на 2012-03-15.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „„BBC News" – Emeli Sande wins Brits Critics Choice award“. Bbc.co.uk. 15 декември 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  3. 3,0 3,1 „Емели открива зошто го променила името“. „Digital Spy“. 19 август 2011. Посетено на 19 август 2011.
  4. CJ Rutter (14 April 2011). Emeli Sande Talks Tinie Tempah, Wretch 32, Cheryl Cole And Her Debut Album Архивирано на 25 јули 2012 г.. Accessed 2011-08-08.
  5. Scots singer Emeli Sande wins critics' choice. bbc.co.uk. Retrieved 2012-08-08.
  6. Olympic torch: Highland relay clashes with major events. bbc.co.uk. Retrieved 2012-08-08.
  7. http://www.dailymail.co.uk/news/article-2187413/London-2012-Closing-Ceremony-Feeling-sad-end-Games-Eric-Idle-leads-80-000-crowd-rendition-Always-Look-Bright-Side-Life.html

Надворешни врски

уреди