Скуша

вид риба од фамилијата скуши
(Пренасочено од Scomber scombrus)

Скуша (науч. Scomber scombrus; меѓународно: „атлантска скуша“) — риба од родот скуша (Scomber) во семејството на скушите (Scombridae) што живее на обете страни од Северниот Атлантски Океан, Средоземното, Црното и Северноледениот Океан.

Скуша
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Зракоперки
Ред: Кострешовидни
Семејство: Скуши
Род: Скуша
Вид: Скуша
Научен назив
Scomber scombrus
Linnaeus, 1758

Ги населува отворените студени води и се движи во големи јата близу површината. Презимува во подлабоки води, а напролет доаѓа во поплитко, кога температурата ќе достигне 11–14 °C. Се храни со помали риби и ракчиња.

Машките и женските единки растат со иста стапка и живеат највеќе 20 години, достигнувајќи до 47 см. Полово созреваат на возраст од три години.

Во исхраната

уреди
Скуша, свежа
Хранлива вредност на 100 г
Енергија858 kJ (205 kcal)
0 г
14 г
19 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(6 %)
50 μг
Холин
(13 %)
65 мг
Витамин Д
(107 %)
643 МЕ
Минерали
Калциум
(1 %)
12 мг
Железо
(13 %)
1,63 мг
Магнезиум
(21 %)
76 мг
Фосфор
(31 %)
217 мг
Калиум
(7 %)
314 мг
Цинк
(7 %)
0,63 мг
Други состојки
Вода64 г
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Скушата е мошне барана риба и се јаде зготвена или свежа како сашими. Има црвено место и силен вкус. Содржи многу големо количество на витамин Б12 и масни киселини омега 3 — речиси двојно повеќе од лососот.

Конзервираната скуша ужива популарност во Скандинавија и Велика Британија. Се продава во доматен сос, во саламура или во масло.

Оваа риба е одличен извор на фосфатидилсерин и содржи 480 мг на секои 100 гр тежина. Во најново време оваа супстанција се истражува како ублажувач на здравствени пореметувања како хиперкинетичко растројство и Алцхајмерова болест.

Наводи

уреди
  • „Scomber scombrus“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 18 април 2006. (англиски)
  • Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2006). "Scomber scombrus"FishBase. јануари 2006 г.
  • СкушаNOAA FishWatch посет. 11 ноември 2012 г

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди