Само еднаш се љуби (филм)

(Пренасочено од Samo jednom se ljubi)

„Само еднаш се љуби“ (хрватски: Samo jednom se ljubi) е југословенски филм од 1981 година, во режија на Рајко Грлиќ. Главните улоги ги толкуваат: Предраг Мики Манојловиќ, Владица Милосављевиќ, Зијах Соколовиќ, Ерланд Јозефсон, Драгољуб Лазаров, Младен Будишчак, Звонимир Лепетиќ итн.[1]

Содржина

уреди

По завршувањето на Втората светска војна, младиот партизан Томислав (го игра Манојловиќ) шеф на милицијата, а неговиот другар Мирко (го игра Соколовиќ) е поставен за директор на фабриката. Томислав се вљубува во балерината Беба (ја игра Милосављевиќ), која има буржоаско потекло. Наспроти противењето на соборците на Томислав, тој решава да се ожени со Беба, со која има страстна и скандалозна љубовна врска. Набргу, во нивниот стан се вселуваат и нејзините родители. Томислав се наоѓа растргнат помеѓу очекувањата на своите другари и своите чувства. По неколку сериозни испади, Томислав е уапсен и задржан на лекување во болницата. Набргу, тој е пуштен, но веднаш по враќањето дома предизвикува нов скандал така што повторно е затворен во болницата. Во меѓувреме, неговата сопруга е отпуштена од работа и таа се сели во Загреб, а нејзините родители се зближуваат со власта. Томислав бега од болницата и оди во Загреб, каде Беба настапува во кабаре. Ноќта, Томислав ја следи до кабарето и таму извршува самоубиство.[2]

Наводи

уреди
  1. Антена, бр. 802, 8.11.2013, стр. 14.
  2. Антена, бр. 802, 8.11.2013, стр. 14.